ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Креираме нови мерки за помош на еднородителските семејства

May 16, 2022 19:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика (МТСП), преку политиките во делот на социјалната реформа, но и во делот на реформата на детската заштита, работи на мерки и активности кои што ќе го олеснат и ќе го подобрат животот на еднородителските семејства, истакна министерката Јована Тренчевска, информира МИА.

На трибина во Битола со претставници на Здружението на еднородителски семејства „Дел од сите, министерката Тренчевка потсети дека во рамки на поддршката се и мерките што се дел од оперативниот план за вработување за 2022 година, каде што како целна група може да се најдат семејствата што не се вработени, а се еднородителски семејства.

– Како Министерство, и во делот на социјална заштита и во делот на правата и услуги што ги нудиме со социјалната реформа, помагаме на луѓето кои се соочуваат со сиромаштија, лица со попреченост и секако и на еднородителските семејства. Сите права од социјална заштита, доколку примател е еднородителско семејство се за 50 насто поголеми од основицата во однос на останатите лица приматели на тоа право. Како Министерство и како Влада навистина сме насочени. Не велам дека е тоа доволно, но во периодот што е пред нас, заедно со граѓанските организации што ги застапуваат еднородителските семејства ќе креираме нови политики и нови мерки кои дополнително ќе го олеснат животот на овие семејства, истакна Тренчевска.

Според Јасминка Кочанковска, потпретседателка на Здружението на еднородителски семејства „Дел од сите“, најголем предизвик кај овие семејства е намалување на високото ниво на сиромаштија, големата невработеност, немање на сопствено живеалиште и други проблеми.

– Скоро секое второ еднородителско семејство живее во сиромашитија и се соочува со социјална исклученост. Големата невработеност, како и ниската ефективност на трудот, односно работа на ниско платени работни места, сива економија или работа со договори на определно време се дополнителна причина за сиромаштијата. Поддршката од општеството е недоволна, а немањето на сопстевно живеалиште е уште еден сериозен проблем на еднородителските семејства, бидејќи дури две третини од нив немаат свој дом, посочи Кочанковска.

Вечерашната трибина во Битола се одржа по повод Меѓународниот ден на семејството, а ја организираа Форум на жени на СДСМ и Здружение на еднородителски семејства „Дел од сите“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Шаќири: Го реформираме образованието за да создава креативни и активни кадри кои го користат знаењето за решавање проблеми

НАЈНОВО

Голема победа на ракометарите на Вардар во Тулуз

October 21, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Крадците од музејот Лувр предизвикале штета од 88 милиони евра

October 21, 2025

Мециновиќ: Вториот круг е избор меѓу статус кво-то и вистинска промена

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk