Оваа година за прв пат во Куманово на 25ти и 26ти Мај ќе се одржи Меѓународен фестивал на прозата под организација на Ценатарот за Култура ” Трајко Прокопиев” .
Подолго време се очекуваше да се создаде нешто вакво во Куманово, по успешните промоции кои секојдневно се случуваат во Центарот за Култура – градот конечно ќе добие и свој Меѓународен Фестивал на прозата.
На фестивалот ќе има учесници од Република Бугарија , Босна и Херцеговина како и големи имиња од нашата книжевна сцена.

За првата вечер на 25.05.2022 година се планирани Јорданка Иванова Белева од Република Бугарија, Лејла Каламујиќ од Босна и Херцеговина како и нашата добро позната писателка Оливера Ќорвезировска.
За втората вечер на 26.05.2022 година се планирани како модератор Петар Андоновски, Александар Шпатов од соседна Република Бугарија, Давор Стојановски, Иван Шопов, Николина Андонова Шопова, Лира Бојку, Жарко Којунџиски и Фејзи Бојку.

Кумановската публика е возбудена за случувањето на самиот фестивал и со нетрпение го очекува, исто така се надева дека ќе остане истиот и ќе биде дел од богатата Кумановска Култура.





