ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангелоски: „Зелен навигатор“ ќе обезбеди фонд за зелени проекти на Западен Балкан

May 18, 2022 10:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Да се забрза процесот на декарбонизација, а активностите поврзани со него да имаат континуитет иако вниманието на светската јавност моментно е насочено кон пандемијата, економската криза и воениот конфликт во Украина, е пораката од промоцијата на асоцијацијата „Зелен навигатор на Западен Балкан“ што се одржа во Војводина, на која учествуваа и претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Трајан Ангелоски, како и потпретседателот Орце Симов.

Учеството беше дел од посетата на Ангелоски и Симов на Покраинската влада на Војводина.

– Климатските промени силно ги допираат сите сегменти на општеството, тие не познаваат граници и не дозволуваат одложување на преземање на мерки. Мора силно да влијаеме на намалување на емисијата на јаглероден диоксид и на справување со климатските промени. Значајно е тоа што преку „Зелен навигатор“ во фаза на акредитација е Зелен климатски фонд, преку кој ќе се финансираат климатски одговорни инвестиции во приватниот и во јавниот сектор во земјите од Западен Балкан, што ќе биде значаен придонес кон забрзување на зелената трансформација, рече Ангелоски.

На настанот се обратија и претседателот на Покраинската влада на Војводина Игор Мировиќ и покраинските секретари за државна управа и локална самоуправа Марија Обрадовиќ и за европска интеграција и меѓународна соработка Златан Клокиќ, како и членови на органите на управување на „Зелен навигатор“. Беше истакнато дека цената што се плаќа од почетокот на индустриската револуција до денес е многу висока, а тоа се одразува во континуираниот раст на штетните гасови и глобалното затоплување и затоа е многу важно да се забрза декарбонизацијата на економијата. Беше изразено и очекување дека оваа иницијатива ќе биде поддржана од стопанството, стопанствениците и меѓународните финансиски институции.

Целта на делувањето на „Зелен навигатор“ е и да се поттикнат државните институции да ги усогласат своите политики, за да може да се влијае на намалувањето на штетните гасови и на дигитализацијата на индустрискиот сектор, да се инвестира во обновливите извори на енергија и земјоделството, како и се друго што ќе придонесе за забавување климатските промени и нивното негативно.

Во март годинава се одржа основачкото собрание на „Зелен навигатор“ кога претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски стана член на Управниот одбор. „Зелен навигатор“ функционира со поддршка на Развојниот и Гаранциски фонд на Војводина и Гарантниот фонд на Република Српска, а се формираше на иницијатива на претседателот на Покраинската влада на Војводина, Игор Мировиќ. /МИА/

Next Post

Приведен криминалец осуден на пет ипол години затвор, предаден е на КПУ Идризово

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фртонтлајн

Режисерката Бигело одговара на критиките од Пентагон за филмот „House of Dynamite“: Јас само ја кажувам вистината

October 29, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Париската полиција го одби барањето за полициска станица во Лувр по кражбата на накит

October 29, 2025
Фото: Скриншот

Подводен робот откри „уредени населби“ на риби под антарктичкиот мраз

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk