ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Вистиномер: Не е точно дека во 2021 година смртноста во американската армија се зголемила за 1.100 проценти

May 18, 2022 20:35
in ДЕНЕС, СВЕТ
Image by Jim Plante from Pixabay

Image by Jim Plante from Pixabay

Share on FacebookShare on Twitter

Откако во 2021 година се појави ненадеен раст на смртноста и медицински состојби како канцер, Питер Грејвс, портпарол на одделот за набљудување во Агенцијата за здравје на армиските припадници во одделот за одбрана, за Политифакт рече дека откако ги разгледале податоците, утврдиле дека во нив имало грешки во годините од 2016 до 2020. Причината за грешката било тоа што точни податоци од 2021 година, биле споредувани со неточни податоци во петте години претходно, така што се добил лажен впечаток за значителен раст во 2021 година, кој во суштина не постоел. Неточноста оттогаш се злоупотребува за да се пласира невистинитото тврдење за пораст од наводни 1100 проценти зголемена смртност кај американската армија, пишува Вистиномер.мк.

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека војската на САД се тестира за СИДА, по што е забележано зголемување на стапката на позитивност и тоа како последица на вакцинацијата против ковид-19.

Адвокатот Тод Календер: Тие ставија 3 ХИВ протеини и му дадоа на светот СИДА, индуцирана од вакцина. Базата на податоци на ДОД известува, за 500 проценти зголемување на ХИВ во 2021 година. Фајзер и Модерна беа проучувани под масовна спектрометрија, која откри дека луциферазата е клучна компонента на двата производи, што им оневозможува на војниците да го лажираат статусот на вакцината, се вели во постот.
Понатаму, во него е споделено видео од 2,5 минути во кое се вели дека вакцините предизвикале СИДА и дека „сите доктори ќе ви кажат дека е така”.
Па како е можно, ефективно да ја убијат пола планета и уште се слободни?, вели говорникот во видеото.
Понатаму, се додава дека војската на САД почнала да ги тестира припадниците за СИДА, и дека во 2021 имало 1100 проценти зголемување на смртноста.
Како прво, не е точно дека во 2021 година смртноста во американската армија се зголемила за 1100  проценти. Тврдењето за висок раст на смртноста меѓу американскиот персонал во армијата се појави во јануари 2022 година кога податоци објавени од Defense Medical Epidemiology Database (DMED) беа цитирани од адвокат од Охајо кој застапувал тројца „свиркачи” на панел дискусија за вакцините против ковид-19.
ДMЕД е јавно достапен ресурс што содржи моментални и минати податоци за болести и медицински настани искусени од страна на членови на армискиот персонал. Откако во 2021 година се појави ненадеен раст на смртноста и медицински состојби како канцер, Питер Грејвс, портпарол на одделот за набљудување во Агенцијата за здравје на армиските припадници во одделот за одбрана, за Политифакт рече дека откако ги разгледале податоците, утврдиле дека во нив имало грешки во годините од 2016 до 2020 година.

Причината за грешката било тоа што точни податоци од 2021 година, биле споредувани со неточни податоци во петте години претходно, така што се добил лажен впечаток за значителен раст во 2021 година, кој во суштина не постоел.

Неточноста оттогаш се злоупотребувала за да се пласира невистинитото тврдење за пораст од наводни 1100 проценти зголемена смртност кај американската армија.

Во однос на тврдењето дека во вакцината биле додадени ХИВ протеини, фактите говорат дека во ниедна вакцина која моментално се користи, нема ХИВ протеини.

Ова неточно тврдење може да е поврзано со фактот дека вакцина која не беше пуштена во употреба во Австралија, имала мал дел од протеин од ХИВ вирус, за да предизвика посилен имунолошки одговор. Овој кандидат вакцина беше исфрлен уште во раната фаза од клиничките тестирања, во кои некои учесници добија лажни ХИВ позитивни резултати. Како што Вистиномер претходно пишуваше, вакцините против ковид-19 не го намалуваат имунитетот на вакцинираните, ниту пак предизвикуваат синдром на стекната имунодефициенција ВАИДС, таканаречена нова состојба која антиваксерите ја споредуваат со СИДА.

Во реалноста, не постои такво нешто како ВАИДС, а истражувањата покажуваат дека достапните вакцини против ковид-19 им обезбедуваат на примателите зголемена заштита од коронавирусот, пишува сервисот за проверка на факти на Асошиејтед прес (АП).

Портпаролот на британската агенција за јавно здравје за Политифакт го демантираше тврдењето дека вакцините го намалуваат имунитетот кај луѓето и дека тие добиваат СИДА.

Лекарот Питер Нордсторм од Одделот за општествена медицина во Шведска, тврди дека е дезинформација оти вакцината против ковид-19 значително го ослабува имунитетот кај која било возрасна група.

Исто така, лажно е кој било да тврди дека вакцинацијата резултира во ерозија на имунитетот или стекната имунодефициенција, ако воопшто нешто такво и постои, вели Питер Нордсторм.

Пабло Пеналоза МакМастер, професор по микробиологија и имунологија на Универзитетот Нортвестерн се согласува со ова.

Вакцините против ковид-19 не предизвикуваат имуносупресија. Ова е дезинформација слична на тоа дека земјата е рамна плоча. Овие вакцини веќе се администрирани на милиони луѓе во светот и податоците покажуваат дека се екстремно ефективни и безбедни дури и кај луѓе со претходни состојби на ослабен имунолошки систем, вели професорот Пабло Пеналоза МакМастер.

Портпаролот на СЗО за Еуроњуз вели дека нема ниту еден кредибилен извор кој објавил нешто за ВАИДС и ова го оцени како дезинформација. Бразилската асоцијација за инфективни болести излезе со известување дека нема корелација меѓу било која вакцина против ковид-19 и СИДА.

Во однос на тврдењето во постот што го рецензираме дека „Фајзер и Модерна беа проучувани под масовна спектрометрија, која откри дека луциферазата е клучна компонента на двата производи, што им оневозможува на војниците да го лажираат статусот на вакцината“, пишуваше Асошиејтед Прес и нивниот сервис за проверка на факти.

Луцифераза не може да се најде како состојка во вакцините против ковид-19, но ензимот се користи во некои истражувања за ковид-19, затоа што неговата карактеристика да ослободува светлина може да им помогне на научниците визуелно да следат како вакцините и вирусите ги афектираат клетките, пишува АП.

На Универзитетот во Тексас, луциферазата помага да се забрза дијагностичкото тестирање за ковид 19, затоа што им дозволува на истражувачите да го видат присуството на антителата побрзо отколку кога би користеле други методи.

И Ројтерс пишува дека во ниедна вакцина која се администрира против ковид нема луцифераза.

На официјалната веб страница за вакцинација во земјава, каде се наведени состојките на сите вакцини кои се администрираат во С. Македонија, нема луцифераза како состојка во вакцините.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека постот кој го рецензираме е невистинит. Во американската армија нема зголемување на смртноста за илјада и сто проценти во 2021 година бидејќи бројките се резултат на грешка од претходна петгодишна статистика, вакцините против ковид-19 не предизвикуваат СИДА ниту пак имуна супресија и не содржат луцифераза.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

На социјалните мрежи лажни објави за телефони, МВР апелира на внимателност

July 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

(ВИДЕО) CNN eксклузивно: Новооткриените фотографии и видео ги потврдуваат врските на Трамп со Џефри Епштајн

July 23, 2025

Без вода ул. „1“ во Долно Лисиче

July 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk