ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лансирана првата регионална платформа за е-трговија

May 26, 2022 10:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Споредено со земјите од Западен Балкан, Северна Македонија е после Србија и Косово, а пред Босна и Херцеговина и Црна Гора во процент на население кое купува онлајн. Споредено со соседните земји, Косово е на прво место во Европа или 77 проценти од онлајн купувачите купуваат облека онлајн, потоа Црна Гора со 71 процент, додека под европскиот просек се Северна Македонија со 57 проценти, БиХ со 56 проценти и Србија со 52 процента. Ова се само дел од бизнис фактите и информациите поврзани со водење бизнис со е-трговија  коишто од денеска официјално се достапни на првата регионална платформа за е-трговија „Е-трговијa за сите“ – ecommerce4all.eu.

Регионалната веб-платформа се развива од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија како главен имплементатор во соработка со асоцијациите за е-трговија и организациите од сродните индустрии од ЦЕФТА регионот.

Од АЕТМ информираат дека платформата, која претставува регионално проширување на македонската иницијатива „Ecommerce4All“, од денеска ќе биде достапна и во ЦЕФТА пазарите односно во Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора и Молдавија.

Корисниците од регионот ќе можат да ја користат регионалната веб-платформа за е-трговија ecommerce4all.eu, во чии рамки е веќе достапен првиот од петте модули – модулот Податоци во е-трговијата. Модулот ја презентира состојбата на е-трговијата во пазарите од ЦЕФТА преку статистика и податоци за развојот (интерактивни графикони за состојбата на е-трговијата во секој пазар и споредби на е-купувачи, UNCTAD индекс за подготвеност за е-трговија и други релевантни податоци на Еуростат, на Светска Банка итн.), информации поврзани со подготвеност на земјите за водење бизнис со е-трговија, информации колку често, во која вредност и од каде купуваат онлајн купувачите итн. Овие податоци можат да им помогнат на компаниите во подобрување на работењето на локалниот пазар, но уште поважно, можат да им послужат на нивните планови за ширење на другите пазари во ЦЕФТА регионот.

Освен овој модул, платформата во текот на идниот период ќе биде надоградена со уште четири модули. Од нив, првите три модули ги покриваат клучните аспекти на водење бизнис во е-трговија, како што се правната регулатива за е-трговија, плаќање и испорака. Дополнително, платформата ќе биде збогатена со уште еден дополнителен модул – успешни приказни. Секој од овие модули ќе содржи релевантни информации специфични за конкретниот ЦЕФТА пазар, како и упатства, прирачници, документи поврзани со темата и видео презентации.

Веб-платформата е достапна на англиски јазик и на локалниот јазик за секој пазар.

– Развојот на оваа веб-платформа е од огромно значењe за е-трговијата, за вклучените организации и за регионалната соработка помеѓу ЦЕФТА пазарите. Е-трговците можат да дознаат важни бизнис факти и неопходни релевантни информации за сите пазари од регионот со цел полесно да можат да ги прошират своите бизниси надвор од својот пазар. Од друга страна, организациите од регионот кои работат на веб- платформата, покрај тоа што веќе почнаа меѓусебно да соработуваат, ќе можат и да се етаблираат како“гласот на е-тргoвијата” во своите пазари, но и регионално“, вели во пишана изјава проектниот менаџер на овој проект, Марија Ристовска.

Претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска, пак, истакнува дека  ова е прв регионален проект поврзан со е-трговија на кој асоцијациите за е-трговија и останатите организации од регионот соработуваат заеднички.

-Преку оваа веб платформа очекуваме дека ќе се “отклучи” потенцијалот за раст и ширење на компаниите со е-трговија во регионот и дека значително ќе се зголеми соработката меѓу Асоцијациите, која пак ќе придонесе кон реализирање на уште повеќе иницијативи за е-трговија со регионален карактер,  изјаво Ангеловска.

Развојот на платформата „Ecommerce4All“ е поддржан од проектот за надворешна трговија на Oтворениот регионален фонд имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) во име на Европската унија и Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ). Главна цел е да се подобри меѓународната соработка која го промовира регионалниот и локалниот економски развој и го поддржува автономното спроведување на политиките усогласени со ЕУ, насочени кон постигнување на рамномерен регионален развој на државата. Фондот има за цел да го подобри спроведувањето на реформската агенда за трговија и конкурентност во ЦЕФТА регионот во согласност со барањата на процесот на приближување кон ЕУ./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Двајца битолчани осомничени за напад врз полицајци на кошаркарски натпревар

НАЈНОВО

Фото: SpaceX, на Х

(ВИДЕО) SpaceX успешно ја лансираше Starship Flight 11 – најголемата и најмоќната ракета некогаш создадена

October 14, 2025
ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Обвинителство поведе постапка против 19-годишник за серија кражби

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Дино Имери и Дијана Илкоска Имери

    Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk