Финалето во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид ќе почне со задоцнување од 15 минути, поради тоа што фановите доцна стигнале на стадионот во Париз и настанал „хаос“ на влезовите. Токму од тука УЕФА одлучила да почне со 15 минути задоцнување.
Инаку и Реал и Ливерпул веќе го одработија загревањето, а сега следува оној дел на отворање на финалето, а потоа и почеток во 21:15 часот.





