ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими во пресрет на СЕФФ на средба со делегација на Светска банка

May 29, 2022 18:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за финансии Фатмир Бесими, попладнево прими делегација од Светска банка предводена од потпретседателката на Групацијата на Светска банка за регионот Ана Бјерде. Средбата, на која присуствуваа и регионалната директорка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер, новиот регионален директор за Западен Балкан Шиаочин Ју и претставникот на СБ во земјава Масимилијано Паолучи, се одржа во пресрет на Скопје Економски Финансиски Форум – СЕФФ, што почнува утре во Скопје, соопшти МФ.

На средбата соговорниците се осврнаа на влијанието на актуелната енергетска и ценовна криза и војната во Украина, при што од страна на министерот беа напоменати мерките и политиките што ги презема Владата, а кои се на краток рок насочени кон одговор на кризата и заштита на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на стопанството. Како што нагласи, на среден и долг рок останува заложбата на Владата за макроекономска стабилност и фискална консолидација, со цел постигнување забрзан економски раст.

– Во 2021 година, по пандемијата од Ковид 19, домашната економија закрепна согласно очекуваната динамика. Во оваа година економската активност, иако под влијание на економските последици од руско-украинскиот конфликт, се очекува таа да се врати на ниво пред ковид-кризата, односно проектирана е на ниво од 3,2 %. На среден рок се очекува таа да се интензивира со просечни стапки на раст над 5 %, рече  Бесими, и изрази задоволство за поддршката што ја дава Светска банка на земјата во креирање и спроведување реформи за постигнување забрзан раст.

Соработката со оваа меѓународна финансиска институција се темели на Стратегијата за партнерство на РС Македонија со Светска банка, во која приоритети се енергетската ефикасност, дигитализацијата, подобрување на патната и железничката инфраструктура, општинските услуги, образованието, социјалните услуги и слично. Поддршката од Светска банка се пресликува преку реализација на над 60 проекти во вредност од над 2,8 милијарди американски долари и активното работење на девет проекти со вкупен износ од 480,8 милиони американски долари, коишто се фокусирани токму во областите утврдени со Стратегијата. Земјата имаше значајна поддршката добиена од Светска банка и во справувањето со здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19. Во наредниот период активностите може да бидат насочени кон одржлив раст, човечки капитал, како и инфраструктурни проекти, кои се дефинирани приоритети и во Планот за забрзан раст. Планот нуди нови механизми и инструменти за финансисрање на проектите, а очекувание инвестиции од јавниот и приватниот сектор се над 8 милијарди евра.

Делегацијата на Светска банка утре и задутре ќе учествува на Втората годишна конференција на Министерството за финансии, на тема „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“. Фокусот ќе биде на макроекономски предизвици во турбулентни времиња, отпорност, конкурентност и регионална соработка, енергија, зелена транзиција и инфраструктура, и што по кризата: двигатели за одржлив раст.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Државниот врв утре на состанок со претседателката на Уставен суд

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk