ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јавна расправа: Да се срушат сите табуа за неплодноста и за процесот на ин витро

May 30, 2022 14:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Да се срушат сите табуа и стереотипи поврзани со процесот на ин витро и неплодноста, затоа што тоа не е срам и не треба никој да се срами од тоа. За сето тоа има решение, соодветно на историја и на самата здравствена состојба на пациентите, ова беа дел од пораките изнесени на денешната јавна расправа на тема: „Кон промени на законската регулатива за поголема поддршка на пациенти кои се соочуваат со неплодност“ што се одржа во Собранието.

Расправата се одржа по повод 28 Мај – Меѓународниот ден за акција за женското здравје, во организација на Клубот на пратенички на Собранието и во соработка со Здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување – До бебе по патот на ИВФ.

Учесниците на расправата истакнаа дека се уште темата е сензитивна, а законското решение е од 2008 година.

Министерот за здравство Беким Сали потсети на дел од реализираните активности во делот на грижата за женското и репродуктивното здравје, како мобилна гинеколошка амбуланта со која се обезбедуваат прегледи со ПАП-тест и совети за редовните гинеколошки прегледи за жените на возраст од 36 до 45 години. Соопшти дека е води грижа за идните мајки, има вежби во бременост под стручен надзор и физиотерапевт, се води грижа и за здравствена услуга и за жртвите на семејно насилство…

Сали нагласи дека темата на неплодноста е еден од нивните приоритети и се задржа на работата на државната комисија за ИВФ, која е формирана во 2008 година и одржува состаноци по потреба, но најмалку еднаш месечно. – На самата комисија се доставуваат просечно по 150 барања од овластените установи од државата, но и од регионот, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, рече Сали.

Претседателот на собраниската Комисијата за здравство, Арбен Зибери рече дека секогаш ќе биде на располагање, Комисијата ќе биде отворена за соработка, за предлози и идеи за да се најде подобро законско решение за граѓаните кои се засеганати со оваа проблематика.

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Гордана Силјановска Давкова нагласи дека децата се најважни и дека потребата, задоволството да се има дете, да се создаде живот е многу важна. Според неа, сторено е многу меѓутоа уште многу треба да се стори, додавајќи дека наталитетот секаде опаѓа и дека треба да се стимулира.

Претседателот и застапник на Здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување – До бебе по патот на ИВФ од Скопје, Зоја Самандова-Петрушева рече дека оваа тема во моментов е табу, а голема е стапката на неплодност. Таа соопшти дека повеќе пациенти и семејства се соочуват со проблемот, кој, како што рече, е тежок и апелираше да не се крие тоа, дека не е срамота и порача да се зборува отворено за да добијат повеќе информации и да се соочаат со проблемот.

Таа информира дека имаат иницајтива за промена на Законот за БПО, кој, како што велат подолго време не е ревидиран. Самандова-Петрушева ги изнесе предизвиците или патот кој го минуваат пациентите кои се борат со неплодност за да се остварат како родители. Информира дека следуваат по три ваучери од Фондот за здравствено осигурување, кои ги одобрува Министерството за здравство и укажа дека покрај тоа има и скриени трошоци. Пациентите откако ќе ги искористат тие три ваучери, како што рече, потоа ги прават постапките приватно и ги чини многу или над 100.000 денари, а терапијата која се користи пред постапката, за време на постапката и по постапката не спаѓа под Фондот и не е на позитивна листа на лекови.

Самандова-Петрушева нагласи дека меѓу нивните цели се зголемување на бројот на ваучери за прво дете. Образложи дека следуваат по три ваучери за прво, а исто толку и за второ, за трето и за четврто дете и нагласи дека треба да се стави акцентот на паровите и поединци кои немаат ниту едно дете. Бараат и поголем дел од терапијата што се користи да биде ставена на позитивна листа на лекови.

На јавната расправа се обрати и директорката на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска-Грашковска, ИВФ специјалисти и акушери, ембриолози, доктори, претставници од НВО секторот. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВИДЕО) Четири лица се повредени во пожарот во Тетово, наставата е прекината заради загадувањето

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk