ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Веќе се преземаат мерки со чијашто реализација се таргетираат конкретните приоритети за намалување на сивата економија

June 1, 2022 17:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Унапредување на процесот на мерење, следење и детектирање на сивата економија, стимулативни активности за формализација на сивата економија, јакнење на свеста за сивата економија и јакнење на даночниот морал, зајакнување на инспекциските служби, унапредување на законската регулатива, како и спроведување мерки во делот на Царинската управа каде што ќе бидат опфатени и производите од е-трговијата, се шестете приоритети таргетирани со Акцискиот план за сузбивање на сивата економија на Министерството за финансии, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими на настан „Неформалната економија – причини, предизвици и потенцијални решенија“, во организација на Катедрата за економија при УКИМ, јавува МИА.

Министерот притоа потенцира дека веќе се преземаат мерки со чијашто реализација се таргетираат конкретните приоритети за намалување на сивата економија.

– Преминот од неформален во формален сектор, би  ја намалил нелојалната конкуренција, би создал услови за рамноправен натпревар меѓу бизнисите, би го зајакнал даночниот морал и би повлекол зголемување на бруто домашниот производ. Ова кажува колку е важно преземање итни мерки и акции за сузбивање на неформалната економија. потенцира министерот.

Притоа како една од поважните мерки, министерот ја издвои изготвената Студија за утврдување на клучните причини за постоење на неформалната економија, која воедно ги мапира потребите за промени, дава препораки за превенција, како и индикатори за мерење на застапеноста на неформалната економија.

– Самата студија е од големо значење ако се има предвид дека согласно истата ќе се базираат понатамошните чекори кои треба да се преземат при справувањето со оваа негативна појава, потенцира министерот Бесими, додавајќи дека Министерството за финансии и останатите институции во следниот период детално ќе ги анализираат препораките дадени во Студијата и ќе работат на изнаоѓање ефикасен начин за нивно спроведување.

Во рамки на Акцискиот план воедно се спроведува и кампањата „Внеси боја во сивата економија“ која започна минатата година, а чија цел е да ја подигне свеста за последиците од нерегистрираните економски активности врз квалитетот на животот на секој граѓанин, како и да поттикне нивно намалување. За оваа цел беше лансирана и веб страната vnesiboja.mk  со што кампањата доби и едукативна улога со тоа што граѓаните сега можат да се информираат што претставува сивата економија, како може да ја препознаат истата и кои се последиците од нејзиното поддржување.

На настанот учесници беа деканот на Економски факултет, Предраг Трпески, професорите Борче Треновски и Билјана Ташевска, заменик на претседателот на Владата за политики за добро владеење Славица Грковска, заменик-постојан претставник на УНДП Сања Бојаниќ, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и главниот државен ревизор Максим Ацевски.

Next Post

Шаќири: Образованието е во основа на развојот, ги слушаме младите за промените на образовните политики

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk