ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со ребалансот да се скратат трошоците во јавната администрација, а не капиталните инвестиции, порачува бизнис секторот

June 2, 2022 10:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Предвидените 76 милиони евра во ребалансот на Буџетот наменети за граѓаните и стопанството, не се доволни, смета бизнис секторот.

Според Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), не може да се надмине кризата ако фалат капитални инвестиции кои треба да ја заживуваат економијата, ниту може да се надмине кризата без адекватни фискални и даночни политики и олеснувања, без соодветно да се помогне бизнисот како најголем работодавач во земјата, а притоа имаме преоптоварена јавна администрација која троши многу и е непродуктивна.

И Сојузот на стопански комори (ССК) оценува дека наместо капиталните инвестиции кои се кратат за 100.000 милиони евра, треба да се оди кон намалување на трошоците во јавната администрација.

Стопанската комора на Северна Македонија, пак, во ребалансот не гледа ништо друго, освен намалување на непродуктивните трошоци, задржување на економската активност и на работните места. Сепак, порачува дека Владата треба максимално одговорно да се однесува и да им помогне на компаниите.

-Ребалансот требаше да се случи, бидејќи навистина економскиот аспект на реализација на тие средства од буџетот, особено капиталните инвестиции се на многу ниско ниво, имајќи предвид дека заклучно со април сме на 17 отсто што е многу ниско. Ќе имаме дополнително задолжување од 900 милиони евра од кои 200 милиони се за стари долгови, што значи дека буџетскиот дефицит рекордно ќе се зголеми, а од друга страна, бизнисот е со врзани раце што значи дека ќе има намалена економска активност што ќе претставува дополнителен проблем за враќање на тие средства, вели за МИА Извршниот директор на СКСЗМ, Дриљон Исени.

И покрај минималната реализација, додава Исени, капиталните инвестиции ќе се кратат за дури 80 милиони евра.

-Ваквиот пристап не е економски, па дури со овие минимални средства пристапот не е ниту социјален. Ова го велиме бидејќи се предвидени 76 милиони евра за граѓаните и стопанството кои, имајќи ја предвид ситуацијата и околностите, за бизнисот и за граѓаните овие средства не се доволни. Сето ова покажува дека Владата нема конкретен одговор за кризата што ја опфати и нашата земја, напоменува Исени.

Претседателот на ССК Трајан Ангелоски истакнува дека финансиите средства со кои се располага, мора да се инвестираат таму каде што ќе се оплодат и каде што ќе создадат додадена вредност.

-Ова е економско правило кое треба да важи и за ребалансот на државниот буџет. За поддршка на економијата и создавање подобар живот за сите граѓани буџетот треба да биде насочен кон изградба на инфраструктурни објекти – патишта, железници, кон инвестиции во енергетскиот сектор, бидејќи тоа се продуктивни трошоци кои придонесуваат за економски раст, развој и благосостојба. Ова треба да биде појдовна точка кога се прави ребаланс на буџетот. Затоа, наместо капиталните инвестиции кои се кратат за 100.000 милиони евра, треба да се оди кон намалување на трошоците во јавната администрација, вели Ангелоски за МИА.

Според него, исто така, многу е важно да се забрза процесот на дигитализација „кој ќе ги олесни бирократските процедури и ќе го намали коруптивното однесување“.

-Неопходно е стратешки да поставиме цели кои навистина ќе го подобрат животот во нашата држава и потоа сите заеднички во континуитет да работиме на нивно остварување. Секој друг пристап не е одржливо решение, нагласува претседателот на ССК.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески неодамна оцени дека во ваква ситуација да се донесе ребаланс на Буџетот, значи прилагодување на ситуацијата.

-Во тоа не гледам ништо друго освен намалување на непродуктивните трошоци, задржување на економската активност и на работните места. Ние однапред кажавме дека ситуацијата е тешка, па не знам кој би можел и нешто друго да изведе, истакна Азески.

Комората, додаде Азески, чека да види што ќе се случи со ребалансот, па да седне со Владата и да разговара.

-Мерките што ќе ги предлагаме ќе бидат во насока да се задржи постојното ниво на економска активност и на работните места. Не загрижува проблемот со скапите суровини и нивната набавка, но и цената на струјата. Треба да се подигне степенот на домашно производство и рационално да се троши енергијата. Понудивме и други решенија како јавно-приватно партнерство во електропроизводството, а имаме и предлози како да се менаџираат јавните набавки. До крајот на годината не треба да се носат нови даночни задолжувања, треба да има и предвидливост, потенцира Азески.

Со ребалансот на Буџетот кој е веќе доставен во Собранието, растот е проектиран на 3,2 отсто, инфлацијата на 7,2 процента, а дефицитот на 5,3 отсто од БДП. Вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции. Планираното ниво на даночните приходи е за пет проценти повисоко во однос на Буџетот, а износот на вкупните планирани расходи е 288,5 милијарди денари или 16,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година.

-Овој ребаланс е соодветен и навремен финансиски план на политики кои би се преземале за годинава да го завршиме циклусот на заздравување на економијата и стандардот на граѓаните, рече министерот за финансии Фатмир Бесими, образложувајќи ги проекциите откако беа усвоени на владина седница.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Македонскиот народен театар го отвора 56. МТФ „Војдан Чернодрински“

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk