ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Откриен можен извор на неславната црна чума од 14. век

Луѓето и денес можат да бидат заразени со бубонска чума, но подобрата хигиена и помалиот контакт со инсекти и стаорци ја намалуваат опасноста од зараза.

June 16, 2022 09:00
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Научници од Институтот за еволутивна антропологија при „Макс Планк“ веруваат дека го нашле одговорот на 700-годишната мистерија за потеклото на црната чума, смртоносната пандемија што ги погоди Европа, Азија и Северна Африка во средината на 14. век.

Меѓународен тим научници се собра откако д-р Филип Славин, историчар од Универзитетот во Стирлинг, откри докази за ненадејно зголемување на смртните случаи во доцните 1330-ти на две гробишта во близина на езерото Исик-Кул, денес во северен Киргизстан (Средна Азија). Врвот на европската епидемија се случил 1348, но и годините потоа.

Анализирајќи 467 надгробни споменици датирани меѓу 1248 и 1345 година, Славин забележал огромен пораст на смртните случаи од 1338 и ’39 година. Натписите на некои од надгробните плочи наведуваат дека причината за смртта била „маутана“, што може да се преведе како – „чума“. Десетици милиони луѓе починале како последица од таа бубонска чума, којашто брзо се ширела преку трговијата. Но, и покрај напорите да се најде изворот на заразата, а поради недостигот на цврсти докази, ова прашање остана неодговорено до ден-денес.

– Ние всушност го лоциравме изворот на вирусот во времето и просторот, што е навистина неверојатно. Го најдовме не само предокот на „црната смрт“, туку и предокот на повеќето видови чума што кружат денес низ светот, изјави Јоханес Краузе, професор на Институтот.

Подробните истражувања покажаа дека гробниците Киргистан потоа биле ископани, кон крајот на 1880-тите, а од нив биле извадени 30 скелети. Генетскиот материјал изваден од забите на седум преостанати скелети, покажува оти три од нив го содржеле генетскиот материјал на бактеријата којашто ја предизвикува бубонската чума.

Луѓето и денес можат да бидат заразени со бубонска чума, но подобрата хигиена и помалиот контакт со инсекти и стаорци ја намалуваат опасноста од зараза./MИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

June 20, 2025

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk