ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заседание на Советот за општи работи на ЕУ, меѓу темите и проширувањето на Унијата

June 21, 2022 12:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите за европски прашања во рамките на работи денеска одржуваат средба во Луксембург, на кој една од главните теми ќе биде проширувањето на Унијата и пред сѐ иднината на кандидатурите на Украина, Молдавија и Грузија.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, неколку земји членки на ЕУ, како Хрватска, Словенија и Австрија, пред почетокот на Советот најавија дека не смее да се запостави Западниот Балкан и дека Унијата мора да испорача резултати, пред се со одржувањето на првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија.

На министерскиот состанок е предвидена и точка посветена за Западниот Балкан.

Во пресрет на денешното заседание на Советот за општи работи, синоќа се одржа состанок на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ, кој главно бил фокусиран на кандидатурите за членство на Украина, Молдавија и Грузија.

Посветено било малку време на размена на мислења за Северна Македонија и последниот предлог на маса изготвен од француското претседателство, но без никакви заклучоци. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, амбасадорите на земјите членки на ЕУ разговарале кусо за „францускиот предлог“ и преговарачката рамка за земјава, но засега нема гаранции за нејзино усвојување, имајќи ја предвид политичката неизвесност во Бугарија.

Мнозинството земји членки сакаат да се реши спорот и да се испорача нешто за Скопје и Тирана до крајот на ова недела, но политичката неизвесност во Бугарија не дозволува преголем оптимизам кај земјите на ЕУ.

Дипломат од западна земја членка на ЕУ за МИА изјави дека сите присутни, вклучително и бугарскиот амбасадор, ги поздравиле напорите на Франција да се деблокира процесот меѓу Скопје и Софија.

– Приказната меѓутоа не е готова, имаме комплексна политичка ситуација во Бугарија и не може никој во овој момент да каже како ќе заврши сево ова, велат дипломатите.

Бугарската Влада се соочува со гласање доверба во Собранието, што првенствено го отвора прашањето кој ќе ја претставува Софија на претстојниот Самит на ЕУ. Дали тоа ќе биде премиерот Кирил Петков или претседателот Румен Радев.

Освен тоа на вчерашниот состанок дипломатите велат дека бугарскиот претставник настапил и со нови барања, меѓу кои и протоколот да биде потпишан, а не само усогласен помеѓу Северна Македонија и Бугарија и да биде дел од преговарачката рамка. Амбасадорот не наишол на голема поддршка на состанокот, пред сѐ од оние земји кои се подобро запознаени со спорот. Барањето да биде потпишан протоколот отвора и прашања на рокови, бидејќи се мали шансите, дури и да се согласи Северна Македонија, тоа да биде финализирано до крајот на Самитот на ЕУ в петок.

Секако бугарската страна го повторила барањето Бугарите да бидат вклучени во Уставот на земјава, пред да се одржи првата меѓувладина конференција, а инсистирала и дека не смее да има автоматизам за одржувањето на втората меѓувладина доколку бугарските барања не бидат исполнети./МИА/

Next Post

Бектеши – Ќехаја: Република Косово е важен трговски партнер за Северна Македонија

НАЈНОВО

Џоди Фостер и Ентони Хопкинс. Кларис и Лектор во Кога јагнињата ќе стивнат

Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

November 4, 2025

Холандскиот парламент со најголем процент жени-пратенички досега (43%)

November 4, 2025
Фото: Асоцијација за е-трговија на Македонија

Почнува 8. регионална конференција за е-трговија

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk