Грижата за граѓаните, пензионерите, ранливите категории на граѓани е наш врвен приоритет. Парите од буџетот ги пренасочуваме таму каде се најпотребни, кон нашите граѓани, напиша на Фејсбук премиерот Ковачевски.
„Остануваме посветени на покачување на платите со цел подобрување на стандардот на граѓаните. Просечната нето плата споредбено со април минатата година ја зголемивме за 3.087 денари, односно за 10,9%. И покрај сите предизвици со кои се соочуваме, платите и пензиите ќе продолжат да растат.
Грижата за граѓаните, пензионерите, ранливите категории на граѓани е наш врвен приоритет. Парите од буџетот ги пренасочуваме таму каде се најпотребни, кон нашите граѓани“, пишува во објавата.