ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Оризопроизводителите да ја искористат мерката за набавка на комбајни и сушари

June 22, 2022 18:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ги повика оризопроизводителите да ја искористат мерката за набавка на специјализирани комбајни за ориз или мобилни сушари за ориз за што во тек е новиот јавен повик, jaвува МИА.

Можат да аплицираат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, а максималната вредност по корисник е 3.500.000 денари за набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз со сецкалици или мобилни сушари за ориз, водени топови и распрскувачи.

Јавниот повик ќе трае до 6 јули, a критериум за аплицирање е барателот да има минумум производствен капацитет од над еден хектар површина под ориз.

Оваа мерка започна минатата година на барање на оризопроизводителите кога вкупно потпишаа договори 25 производители на ориз за набавка на комбајн.

– Ги повикувам сите заинтересирани оризопроизводители максимално да ја искористат оваа мерка. Нека го слушнат и видат позитивното искуство од своите пријатели кои веќе добиле комбајн и аплицирајте. Оваа мерка дава голема поддршка во оризопроизводството, изјави денеска Николовски при посетата на семејството Маневи од село Чифлик, кое повеќе од 15 години произведува ориз.

Во рамки на теренските активности, министерот Николовски заедно со директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски и државниот советник Трајан Димковски, го посетиле и Институтот за ориз во Кочани кој е дел од Земјоделскиот институт при УКИМ и се занимава со научно-истражувачка дејснот посветена на оризот како земјоделска култура. Мерката за набавка на комбајни за ориз како позитивна мерка која го помага процесот на производството беше оценета и од претставниците на Институтот за ориз.

– Еден од проблемите кој долго време го мачеше Институот за ориз и неговото дејстување, беше одземеното земјоделско земјиште и недостатокот на кадар. Министерството и Владата во 2020 година успеаја повторно назад и во владение на Институтот да го вратат земјоделското земјиште. Обезбеден е и дополнителен кадар па Инстутутот денес има нови дополнителни три асистенти. Еден од нив е Тоше Јорданов индивидуален оризопроизводител кој минатата година има произведено најголема количина на ориз, информираа од Министерството за земјоделство.

Next Post

Стефанишина: Украина очекува сите земји од ЕУ да ја поддржат нејзината кандидатура за членство

НАЈНОВО

Скриншот

Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција Диела е бремена, очекуваме 83 деца

October 27, 2025

„Ле Каландре“ од Италија е најдобар ресторан во светот за 2025

October 27, 2025
Фото: МИА

Лазаров: Манасков игра во одлична форма и затоа доби повик, но тој го одби

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk