ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Макрон ја отфрли идејата за влада на национално единство

June 23, 2022 10:56
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот претседател Емануел Макрон ја отфрли идејата за влада на национално единство. Тој оцени дека тоа не е оправдано решение за излегување од криза по парламентарните избори одржани во неделата. Истовремено, Макрон повика на компромис со политичките сили во земјата за да се дојде до „јасно мнозинство“.

Во обраќањето до Французите, за првпат откако неговата партија го изгуби парламентарното мнозинство, Макрон призна дека постојат зголемени „поделби“ по изборите и ја повика политичката класа да научи да владее и да донесува закони поинаку.

Партијата на францускиот претседател не освои апсолутно мнозинство во Националното собрание и мора да формира сојузи, или од случај до случај, или во во рамките на коалиција.

Според конечните резултати од изборите, центристите на Макрон осовија најмногу пратенички места, 245 од вкупно 577, но, за апсолутно мнозинство неопходни се најмалку 289 места. На второ место е левичарската коалиција, Нова народна еколошка и социјална унија (Нупес) со 131 место. Десничарската партија на Националниот собир со лидерката Марин Ле Пен доби 89 места, а десничарските републиканци имаат 61 пратеник.

– Треба да се градат компромиси, збогатување со амандмани, но тоа да се прави потполно транспарентно, можам да кажам на отворено небо, со желбата за обединување и дејствување за нацијата, истакна претседателот во кусото телевизиско обраќање.

Тој на политичките сили им посочи на нивната одговорност.

– За корисно да се оди напред, сега политичките групи треба транспарентно да се изјаснат до каде се подготвени да одат, додаде Макрон.

Тој нагласи и дека слуша и е подготвен да ја преземе „желбата за промена, што земјата јасно ја изрази“. Макрон потсети и дека разговарал со лидерите на сите политички групи и оти тие изразиле почит за француските институции и желба да се избегне блокада на земјата.

Макрон најави дека веќе летово треба да се донесе закон за куповна моќ и подобра плата, да се донесат првите одлуки за целосно вработување, да се направи силен избор за енергијата и климата и да се воспостават итни мерки за здравјето, без разлика дали станува збор за болниците или за епидемија.

Според него, Владата ќе почне да го гради овој нов метод и нова конфигурација, кога ќе се врати од Самитот на ЕУ во Брисел, што треба да се одржи денеска и утре./МИА/

Next Post

Втор ден генерален штрајк во јавниот сектор, ССМ на собир пред Владата

Shortcut

Најново

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

November 2, 2026
Протести во Италија, 2026

Автентичните граѓански протести во Европа и пропагандата стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk