ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Украина продолжува да биде на врвот на агендата на вториот ден од самитот на Г7 во Германија

June 27, 2022 09:14
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Конфликтот во Украина ќе продолжи да доминира денеска на агендата на вториот ден од тридневниот самит на лидерите на Г7 во  Германија, при што украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се приклучи на разговорите преку видео врска.

Лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД вчера дојдоа во одморалиштето Шлос Елмау во Баварија со цел заеднички да го зголемат притисокот врз Русија да ги повлече своите трупи од Украина и да ги ублажат негативните влијанија од војната.

Лидерите на Г7 веќе го искористија самитот како форум за најава за забрана за увоз на руско злато и заедничка инфраструктурна иницијатива за спротивставување на кинеското влијание во земјите со среден приход. Во тек се и разговори за можно ограничување на цената на нафтата.

Во неделните дискусии учествуваа и претседателката на Комисијата на ЕУ Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот, Шарл Мишел.

Германија претседава со Г7 оваа година, а канцеларот Олаф Шолц ќе биде домаќин на лидерите на демократските земји кои не се членки на Г7, Аргентина, Индија, Индонезија, Сенегал и Јужна Африка за да разговараат за климатската криза, јавното здравје и енергетската безбедност.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, треба да се придружи на групата преку видео-врска за да се справи со кризата со храна која произлезе од руската војна во Украина, која сега е во својот петти месец.

Конфликтот спречува житото да ги напушти пристаништата во земјата и ја поскапува храната ширум светот, при што експертите и хуманитарните групи предупредуваат на потенцијалот за глад во делови од Африка и на други места, јави ДПА.

Безбедносната исклучена зона околу местото на настанот – каде што Германија исто така го одржа својот последен Г7 во 2015 година – ја „запечати“ во изминатата недела областа за секој без дозвола.

Околу 18.000 припадници на безбедносните сили се задолжени за самитот да го одржуваат редот за време на бројните планирани демонстрации./МИА/

Next Post

Принцот Чарлс прописно добил куфер со милион евра од поранешен катарски премиер

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

November 5, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk