ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола континуирано се реставрира

July 2, 2022 11:28
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Бисера Костадиновска-Стојчевска. Фото: Д. Муратов / Фронтлајн

Бисера Костадиновска-Стојчевска. Фото: Д. Муратов / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за култура информира дека Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола во изминативе четири години интензивно се обновува, осовременува и се работи на нејзина комплетна реконструкција.

Според министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, секоја година се издвојуваат средства за Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола.

–Конзерваторско-реставраторските зафати започнаа во 2016 година кога беше изработена проектна документација за осовременување на куќата. Во 2018 година од Министерството за култура беа доделени 250.000 денари за реализација на предвидените активности, со што беше комплетно заменета електричната инсталација и беа преземени некои помали зафати во ентериерот, што повторно беше во согласност со висината на доделените средства. Подоцна во 2019 година, од Министерството повторно беа обезбедени 350.000 денари, во 2020 година 400.000 денари, во 2021 година 310.000 денари и за 2022 година се предвидени 400.000 денари.  Навистина ми е драго што секоја година се издвојуваат средства за Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола, а со тоа се врши континуирана реставрација и очекувам да куќата повторно да биде отворена за секој посетител. Токму неговата мисла, „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ треба да биде врежана во сите нас затоа што македонското културно наследство треба да го негуваме секојдневно, истакна министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Од Министерството за култура посочија дека со обезбедените средства досега е заменета и кровната конструкција, дограмата, реставрирана е фасадата, а сега се преземаат градежни работи на ентериерот на објектот.

Во битолската куќа, Гоце Делчев во 1901 година престојувал во домот на тогашниот началник на Реонскиот комитет на ВМРО во Битолско, Михаил Ракиџиев. Во Битола останал два месеца, а за тоа време, во битолскиот затвор го посетил и војводата Даме Груев и остварил средби и со други истакнати припадници на револуционерната организација. На заминување, во знак на благодарност, му подарил пиштол на Ракиџиев, што како реликвија се пренесувал од генерација на генерација и на крај, завршил како вреден експонат во Спомен куќата.

Според архивирани материјали, Куќата содржеше две изложбени простории со вкупна површина од 37 квадратни метри. Едната имаше документи и фотографии за дејствувањето на војводата, а во другата, каде Делчев ги одржувал состаноците, беше задржан ентериерот во оригинална состојба. Таму беше и гобленот извезен од разнобојни монистри, кој за спомен му бил даден на Ракиџиев од политичките затвореници во Централниот битолски затвор, соопштија од Министерството за култура./MИА/. 

Next Post

Бигорски се подготвува за манастирската слава – Рождеството на Свети Јован Претеча – Иванден

НАЈНОВО

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мицкоски: Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk