ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ – Лудва: За чешкото претседателство остануваат приоритет нашите европски амбиции

July 12, 2022 14:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Приоритетите на претстојното шестмесечно чешко претседавање со Советот на ЕУ, во контекст на процесот на проширувањето на Унија, почетокот на нашите долгоочекувани пристапни преговори, како и актуелните геостратешки околности кои влијаат на мирот и безбедноста во Европа, беа тема на разговор на денешната средба на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ со амбасадорот на Чешката Република во земјава, Јарослав Лудва.

Маричиќ на средбата, како што информираат од неговиот Кабинет, посочи дека за нас е особено важно што имаме партнер во Чешка на нашиот евроинтегративен пат.

– За нас е особено важно што имаме партнер во нашата евроинтеграција, која имаме одлична можност да ја започнеме, со прифаќање на францускиот предлог, како Македонци кои говорат македонски јазик, рече Маричиќ.

Амбасадорот Лудва, се вели во соопштението, истакна дека Чешка, и за време на своето претседавањето останува посветена на интеграцијата на земјите од Западен Балкан и на реализација на нашите европски амбиции, како билатерално, така и преку мултилатерални канали, вклучувајќи ја и Вишеградската група (В4).

Маричиќ, како што информираат од неговиот кабинет, потенцира дека остануваме стратешки партнер на ЕУ, со која имаме заеднички цели и интереси за зајакнување на мирот, демократијата и интеграцијата во Европа, а одлуката којашто заеднички ќе ја донесеме за иднината на земјата, според него, ќе направи промена која несомнено ќе се почувствува и во регионот.

– Остануваме доследни на нашите национални интереси, затоа следниот чекор треба да биде валоризација на се она што досега како држава сме го вложиле. Да ја искористиме мудро и рационално оваа шанса и да дадеме шанса на младите идните генерации да уживаат во придобивките од европеизацијата на државата, додаде Маричиќ./МИА/

Next Post

Во Штутгард започна процесот против „Мерцедес-Бенц“ за измама на потрошувачи

EVN

НАЈНОВО

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Проф. Андонов на промотивен настан на анализа на јавното мислење за ЕУ процесите: Владата шири евроскептицизам!

January 28, 2026

Зошто искрениот пристап ги плаши неспособните

January 28, 2026

Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk