ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Трет ден собраниска расправа за ребалансот на Буџетот

July 13, 2022 18:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието на Република Северна Македонија трет ден се расправа за ребалансот на буџетот. Пратениците од власта и од опозицијата во попладневниот дел од денешната собраниска седница ги спротивставија ставовите за ребалансот на Буџетот и изнесоа низа обвинувања едни кон други, јавува МИА.

Пратениците од опзициската ВМРО-ДПМНЕ посочија дека сите имаат желба за европско и современо образование во нашата земја, но реалноста, како, што рекоа не е таква. Според нив, од 2018 до 2022 година и со ребалансот има незначителни зголемувања.

Пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ нагласи дека континуирано се грижат за просветните работници и потсети на досега реализираните проекти во образованието – 100 отсто зголемување на стипендиите за студентите и учениците од социјални категории, за талентирани ученици, воведување стипендии за постдипломци, докторанти, стипендии за ученици од средните стручни училишта, бесплатен студентски оброк…

Донесовме, како што рече, толку многу поволни одлуки во образованието, ги растоваривме наставниците и професорите од секаква стега. Нема заплашување, нема казни, нагласи Лазаревска, тоа е најважно за нив за да има добра клима за работење.

-Пет години ние сме на власт и со она што е вкалкулирано во ребалансот на буџетот ќе имаме зголемување над 36 отсто за просветните работници, рече Лазаревска. Таа изрази надеж дека од јанаури 2023 година наставниците ќе добијат уште поголемо зголемување.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека со овој ребаланс сите граѓани се загрозени. Потенцира дека стандардот на живеење е најсериозно нападнат во изминативе 12 месеци, особено во последните неколку месеци во текот на оваа година. Во добар дел, како што рече, тоа е одговорност на Владата, на министрите, како и другите државни институции кои лошо располагаат со буџетот.

-Овој ребаланс докажува дека Македонија во моментов економски е во најнеповолна ситуација, споредно со можеби 1992 или 1993 година. Од тогаш до денес не сме имале толку лоша економска ситуација и доколку се продолжи во оваа насока, а ребалансот не ветува ништо ново, Македонија забрзано се движи кон значително, суштинско намалување на животниот стандард, дополнително осиромашување на граѓаните, обезвреднување на вредноста на валутата на нашиот пазар на услуги за секој граѓанин, рече Милошоски. Додаде дека со овој ребаланс следуваат уште потешки денови за стопанството во земјава, кое, како што рече е под сериозен притисок.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека имаме историски највисока инфлација, највисок јавен долг,„експлозија на цени“ на основни прехранбени производи, несигурно и некоординирано менаџирање кај прехранбените производи, прескапи горива и струја и најмала вредност на месечниот приход.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека Владата не се откажува од дел од непродуктивните трошоци, особено за непродуктивни вработувања. Соопштија дека има зголемување на ставките за греење на институции, објекти, прашаа дали е можно цената на парното греење да се зголеми, како и на сите други можни огревни средства. Се намалува значително ставката за амбасадите и конзулатите.

Покрај образованието и културата, во текот на дискусијата дел од пратениците се осврнаа и на патната инфраструктура и енерегетската криза. Дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои излегоа на говорница носеа бели маички со натпис „НЕ“.

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски ја прекина седницата и најави дека пратениците дополнително ќе бидат информирани за нејзиното продолжување.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Вучиќ утре почнува консултации за кандидат за нов премиер

НАЈНОВО

Шпанскиот премиер побара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

September 16, 2025

Завршна декларација од Доха: Итнo прекин на агресијата врз Палестинците и санкции за Израел

September 16, 2025

Фондацијата „Никола Кљусев“ го организира регионалниот собир за кинеско-балканските односи

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk