ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Подготвени сме да обезбедиме непречен тек на преговарачкиот процес

July 19, 2022 19:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во обраќањето на состанокот за отворање на скрининг говореше за предизвиците и очекувањата од новата Методологија во периодот кој претстои, и посочи дека верува дека новата Методологија, ќе даде нов поттик за пристапните преговори и ќе ја потврди посветеноста на Унијата кон политиката за проширување заедно со заложбите дадени во Солунската агенда и последователните Декларации од Софија, Загреб и Брдо.

– Очекуваме новата Методологија да ја покаже и докаже на дело својата основна цел – динамизирање на пристапните преговори, забрзана и неповратна трансформација на нашите општества во целосно функционални демократии еднакви на членките на Унијата, конвергенција на нашите економии и намалување на разликите во споредба со оние на земјите-членки на ЕУ, и на регионално и на државно ниво, рече Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ е убеден дека врз основа на научените лекции, овојпат ќе биде полесно да се подготви администрацијата за ажурирањето на европското законодавство (acquis communitaure), иако смета дека е предизвик е што ќе мора да се работи паралелно на билатералниот скрининг.

–Како вицепремиер за европски прашања заедно со мојата институција, Секретаријатот за европски прашања како главно координативно тело за преговарачкиот процес во Северна Македонија, ќе ги насочиме нашите напори во обезбедување непречен тек на преговарачкиот процес во сите негови аспекти преку мобилизација на администрацијата бидејќи таа се смета за столб на овој процес. Во наредните недели ќе ја финализираме ревизијата на актите за преговарачката структура од 2019 година и ќе ја операционализираме, посочи вицепремиерот Маричиќ.

Во однос на поддршката на реформите поврзани со европската агенда, Маричиќ најави дополнително зајакнување на капацитетот за апсорпција на расположливите ИПА фондови, како и друга билатерална развојна помош.

– Поставивме амбициозна цел да бидеме подготвени да се приклучиме на Унијата до 2030 година, надевајќи се дека и ЕУ ќе биде подготвена да нè пречека, дејствувајќи како катализатор на патот, рече вицепремиерот Маричиќ.

Next Post

Михајловиќ: Градиме гасна интерконекција со Бугарија, наскоро и со Северна Македонија

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА

  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ