ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ѓоргиев не чувствува притисок од Протоколот: Роковите ги поставуваат политичарите, додека Комисијата си има своја рутина

July 28, 2022 21:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Драги Ѓоргиев, копретседател од македонска страна во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, изјави вечерва дека не чувствува преголем притисок од Протоколот потпишан со Бугарија, истакнувајќи дека роковите ги поставуваат политичарите, додека Комисијата има своја рутина, правила и свои принципи.

Протоколот за Комисијата нема некое, би рекол, преголемо значење, бидејќи Комисијата и досега работеше оптимално онака како што членовите на Комисијата сметаа дека треба да работиме. Протоколот е еден политички документ меѓу двете влади за тоа како владите, македонската и бугарската, гледаат на подобрување на односите меѓу двете држави. Во тие односи еден сегмент е и нашата комисија, и таа комисија функционира веќе четири години и функционира според еден свој ритам, рече Ѓоргиев вечерва за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Тој истакна дека Комисијата си има своја рутина и оти нивна работа е да работат придржувајќи се до принципите до кои досега се придржувале, а тоа се академските научни принципи и почитувањето меѓу себе.

Во однос на тоа дека протоколот доаѓа во контекст меѓу двете држави, каде сега се ставени поголеми очекувања, рокови, Ѓоргиев рече дека можеби сега влогот е поголем и условите се поразлични.

Контекстот е поразличен, во право сте. Можеби влогот е поголем сега, условите се поразлични, протоколот создаде една поларизација во македонското општество и сето тоа ја прави положбата на Комисијата поинаква. Многу почувствителна, многу под многу поголем фокус, лупа на јавноста ќе биде работата на Комисијата, но ако се сеќавате го спомнавте првиот протокол и во тој протокол дури со многу потешка реторика, позаповедничка реторика од некои политичари беше кажано бугарски политичари до тогаш да се заврши тоа, до тогаш да се заврши тоа. Ќе повторам, тоа е логиката на политиката, оцени Ѓоргиев.  

Според него, тие рокови политичарите ќе ги поставуваат секогаш, меѓутоа, рече, Комисија си има своја рутина, има свои правила на работа, има свои принципи на работа и не секогаш тие принципи се совпаѓаат со принципите идеите на политичарите.

Политичарите работат по една логика, ние би рекол научниците работиме според друга логика, и таа е примерна за нас. Ние апсолутно сме одговорни. Имаме одговорност пред јавноста, пред тој политички контекст во кои работиме, секако, но повторно примарно за нас е нашиот академски интегритет и условите кои ни дозволуваат до каде може да одиме со тоа, а не она што ќе биде наметнато од страна на политиката, истакна Ѓоргиев.

Next Post

Пендаровски: неколку партии се финансираат од Москва, од соседството ни доаѓаат руски агенти

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk