ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Египетски безбедносни извори: Од вечерва прекин на огнот меѓу Израел и Палестинците од „Исламски џихад“

August 7, 2022 17:54
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На предлог на Египет, завојуваните Израел и палестинските милитанти од „Исламски џихад“ се согласија од вечерва да има прекин на огнот во Газа,  наведуваат египетски извори, откако Израел во текот на викендот гаѓаше палестински цели, што ги натера милитантите да истрелаат ракети со долг дострел врз израелските градови.

Египетски безбедносен извор изјави дека Израел се согласил на прекинот на огнот. Тој треба да стапи на сила во 19 часот по Гринич.

Каиро сè уште го чека палестинскиот одговор.

-Израелската страна го прифати прекинот на огнот, изјави египетски функционер кој сакаше да остане анонимен, но не даде прецизна временска рамка за прекин на огнот.

Прекинот на огнот беше постигнат со посредство на Каиро, првата арапска земја што потпиша мир со Израел во 1979 година.

Во меѓувреме, денеска продолжува најжестокиот конфликт меѓу „Исламскиот џихад“ и Израел по кратката војна минатата година.

Разгорувањето на конфликтот, што потсетува на увертирата на претходните војни во Газа, ги загрижи светските сили.

Меѓутоа, ситуацијата е релативно под контрола затоа што Хамас, владејачката исламистичка група во Појасот Газа и помоќна сила од „Исламскиот џихад“, што е поддржан од Иран, досега остана надвор од конфликтот.

Официјални лица во Газа соопштија дека од петокот во израелските напади загинале 31 Палестинец, од кои најмалку една третина биле цивили, вклучително и деца.

Израелските власти ја оспоруваат бројката и тврдат дека неколку палестински деца биле убиени во саботата вечерта во Џабалија, на север, од залутана ракета истрелана врз Израел од Исламски џихад, а не од војската.

Ракетите од Газа парализираа голем дел од јужниот дел на Израел и ги испратија жителите во градовите вклучувајќи ги Тел Авив и Ашкелон во засолништа.

Исламски џихад утринава ги прошири своите ракетни напади кон Ерусалим како одмазда за убиството на неговиот командант во текот на ноќта во јужниот дел на Газа, вториот таков висок офицер што го загуби во борбите.

Израел тврди дека за цел го има „Исламски џихад“, бидејќи од почетокот на операцијата во петокот уби 15 нивни борци и додава дека против милитантните води „превентивна војна“.

Палестинската група возврати со истрелување на над 160 ракети врз израелска територија, а повеќето од ракетите се пресретнати од израелскиот противракетен штит „Железна купола“ .

Ова е најлошиот конфликт меѓу еврејската држава и вооружените групи во Газа од војната во мај 2021 година кога за 11 дена загинаа 260 Палестинци и 14 на израелска страна./МИА/.

Next Post

Мијалков доби одложување на затворската казна

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk