Барселона не успеа да победи на стартот од шпанското првенство. Избраниците на Чави освоија само бод против Рајо Ваљекано, кој знаеше да им се закани на Каталонците, но повеќ се бранеше, пишува Спорт клуб.
Јунак на натпреварот беше голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски, кој ги одбрани сите пет удари кои беа упатени во рамката од неговиот гол. Димитриевски беше избран за играч на мечот.
Како се ближеше крајот на натпреварот, Барселона го зголеми притисокот, а Чави ги фрли сите карти во нападот, половина час пред крајот на натпреварот ги внесе Фати, Де Јонг и Роберто, а нешто подоцна Кеси и Аубамејанг. .
А, Каталонците ги имаа најдобрите шанси во финишот, најпрвин Де Јонг одлично му одработи на Левандовски, кој од 15-тина метри во 82. минута беше речиси непрецизен.
Потоа, неколку минути подоцна, кога Димитриевски веќе беше совладан, топката од гол линијата ја исфрли Катена по ударот на Фати, таа се одби до Дембеле, кој беше непрецизен. Во третата минута од натпреварот Бускетс доби црвен картон и со тоа ја комплетираше мрачната вечер за Барселона.
Димитриевски не прими гол против Барселона на последните три средби! Со 0:0 на стартот од оваа сезона, тимот на македонскиот голман лани двапати победи со 1:0 против еден од двата најголеми клуба во Шпанија.
Ј. Ѓ.