ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Полковникот Коколански ја прими новата должност – командант на Командата за обука и доктрини

August 23, 2022 13:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Полковникот Васко Коколански денеска на свеченост во велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“ ја презеде својата нова должност – командант на Командата за обука и доктрини (КОД) во Армијата на Република Северна Македонија. Коколански досега ја вршеше должноста заменик-командант на Првата пешадиска бригада во Армијата.

Како што информира Министерството за одбрана, на свеченоста, на која присуствуваа  и министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменик-началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Азим Нуредин, полковникот Коколански истакна дека Командата за обука и доктрини како важен и нераскинлив дел од Армијата ја има улогата на лидер во трансформацијата и приспособувањето на потребите на новото време.

Командата за обука и доктрини во извршување на својата мисија, во центарот на гравитација го има најважниот дел од Армијата, а тоа е војникот, подофицерот, офицерот цивилното лице, со еден збор, човечкиот фактор во Армијата кој е клучен во операционализација на визиите и стратешките цели на нашите политички и воени лидери како и новиот Концепт на НАТО. Затоа може слободно да кажам дека од исклучителна важност е местото и улогата на Командата за обука и доктрини во современото безбедносно опкружување, рече новиот командант на КОД.

Командата за обука и доктрини ја организира, координира и реализира индивидуалната обука на војници, питомци, подофицери и офицери од активниот и резервниот состав, а служи и како поддршка во колективната обука на командите и единиците на Армијата и развој на доктрините и научените лекции.

Покрај армискиот полигон „Криволак“, во состав на Командата се повеќе центри за обука, меѓу кои и центрите за индивидуална обука, обука на питомци, странски јазици, одгледување и дресура на кучиња, изработка на доктрини и Центарот за симулации.

Next Post

Вкупно 720.000 тони житарици на 33 бродови ги напуштија украинските пристаништа

НАЈНОВО

(ФОТО) Орце Ѓорѓиевски со кордон од факели под Триумфална: Ти се поклонувам мое Скопје, влегуваме во ново време

November 3, 2025

ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 3 ноември

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk