ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Сите 120 пратеници да ги поддржат уставните измени

August 26, 2022 14:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците кои ги претставуваат граѓаните треба да бидат на висина на задачата и сите 120 да поддржат продолжување на патот на земјава кон полноправно зачленување во ЕУ, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со уставните измени.

Како што нагласи Ковачевски на прес-конференција во Владата, уставните измени ќе поминат низ процес на парламентарна дискусија и тие се нешто што земјава треба да го направи.

Премиерот воедно порача прашањата како што се уставните измени, да не се користат за теснопартиски интереси.

Верувам дека сите 120 пратеници треба да ги поддржат уставните измени зашто со нив се внесуваат делови од други народи кои живеат тука, кои изразиле желба да бидат дел од нашиот Устав. Ние веќе имаме повеќе делови од народи кои се дел од Уставот, покрај македонскиот народ. Постојат држави со дури 25 народи во Уставот, како Хрватска и тоа само ја збогатува општествената кохезија. Во однос на доволниот број пратеници кои би ги гласале уставните измени кажав дека е обрвска на секој пратеник, зашто имаат обврска кон граѓаните и државата во однос на европската иднина. Заатоа постои дискусија во Собранието која треба да е базирана на аргументи, факти и на перспективите на државата, посочи Ковачевски.

Според него, во однос на политичките партии, јасно се издиференцирани две коалиции – една која е за европска Северна Македонија и која заедно со доминантниот дел од граѓаните сака да ја види државата како дел од ЕУ, и ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се противат на членството во ЕУ и за тоа постојано изнаоѓаат нови причини кои немаат никаква врска со реалноста, ниту имале во 11-те години кога беа на власт и кога државата не се помести ни милиметар во евроинтеграциите, а беше и заробена во однос на демократијата и владеењето на правото.

Втората коалиција не нуди никаква алтернатива. Едниот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ нуди некаквов азиски сојуз со централно-азиски држави што сетам дека е нонсенс во однос на евроинтеграциите, потенцира премиерот.

Next Post

(ВО ЖИВО) Панел дискусија на Цивил со ексклузивни гости: Белоруските медиуми во стисокот на Лукашенко“

НАЈНОВО

Скриншот

Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

November 5, 2025

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk