ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: Со грант од САД ќе се реставрира храмот на слободата во Кочани

August 27, 2022 14:01
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

На место под отворено небо од кое извира слободата, овој споменик, кој се нарекува и Тврдина или Храм на слободата од авторите Глигор Чемерски и Радован Раѓеновиќ,  за поновата македонска уметност е од огромно значење, зашто по својата уметничка вредност во времето во кое е создаден им пркосел на тогашните европски норми за меморијална и монументална форма, и важи за еден исчекор кон освојување на архитектонско-уметничката слобода во светски рамки, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во Кочани.

Мозаичниот приказ на академик Чемерски, кој храбро се издига над Кочани, со грантот од Амбасадорскиот фонд на САД, ќе биде обновен, реставриран, реконструиран за повторно да стане вистински репрезент на традицијата, сегашноста и иднината што се вткаени во неговата безвремена идеја и изведба, додаде таа.

Костадиновска-Стојчевска појасни дека со поддршката од Амбасадорскиот фонд во заштитата на овој споменик од современата македонска уметност, всушност започнува во пракса да се спроведува Стратешкиот дијалог со Соединетите aмерикански држави во делот за културата, потпишан во јуни оваа година.

Преку активностите од овој дијалог, ја зајакнуваме размената на искуства во областа на културното наследство, а со интензивнта соработка со Коалицијата за антиквитети на САД, работиме во насока на превенција од нелегална трговија со културни добра. Овој грант е уште едно камче во мозаикот на пријателство помеѓу двете земји, а преку кој досега во нашето културно наследство се инвестирани  околу 1 милион и 600 илјади долари за реализација на 16  проекти, рече таа.

Споменикот на слободата во Кочaни, дело на академик Глигор Чемерски и Радован Раѓеновиќ, ќе се реставрира со американски грант од 254.300 долари преку Амбасадорскиот фонд на САД за зачувување на културата (ФФЦП). Споменикот е во знак на сеќавање на историските борби на македонскиот народ од Илинденското востание до народноослободителната борба од Втората светска војна.

Споменикот е граден во периодот 1975-1977 и по својата уметничка вредност во времето во кое е создаден им пркосел на тогашните европски норми за меморијална и монументална форма, и важи за еден исчекор кон освојување на архитектонско-уметничката слобода во светски рамки. Целосно е завршен и пуштен во употреба во 1981 и e најголемиот мозаичен монумент на Балканот. Конзервација на дел од мозаичните фризови последен пат е направена пред дваесеттина години.
Next Post
energy.gov

Русија го блокираше нуклеарниот договор на ОН поради клаузулата за Запорожје

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Осум дена притвор за родителот кој вчера нападна двајца малолетни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025

Поскапуваат горивата

August 25, 2025

Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk