Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден препорачува цел за прием на 125.000 бегалци во фискалната 2023 година, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.
Таа цел ќе одговори на растечките потреби кои произлегуваат од хуманитарните кризи во светот, вклучително и повеќе од 100 милиони луѓе раселени низ светот, истакна Прајс.
Откако неговиот претходник Доналд Трамп ја намали квотата за прифаќање бегалци на само 15.000 лица, најниска во историјата на програмата, администрацијата на Бајден одобри многу помалку бегалци од предложената квота од 125.000 за тековната фискална година која завршува на 30 септември.
Според владините податоци, до 31 август, САД прифатиле само 19.919 бегалци.