ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Историската комисија ќе има и Секретаријат што ќе и помага во работата

September 16, 2022 14:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерството за надворешни работи формира Секретаријат што ќе помага во работата на македонскиот дел од Историската комисија, информира денеска на брифингот со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи.

МНР создава Секретаријат, меѓутоа повторно од луѓе коишто ќе бидат предложени од Комисијата. Тоа ќе бидат нивни асистенти кои ќе им ги подготвуваат материјалите, ќе им помагаат во административниот дел и во менаџирањето на нивната работа. Тоа ќе биде цел Секретаријат што ќе биде во функција на поефикасно подготвување и функционирање на Историската комисија, бидејќи нивниот степен на подготвеност ќе биде исклучително важен за динамиката на нивната работа, рече Османи.  

Тој нагласи дека иако МНР ќе ги склучи договорите со овие луѓе во Секретаријатот, ниту едно име нема да биде предложено од Министерството, туку оти чекаат од Комисијата таа да ги избере своите соработници. 

Османи додаде на предлог на МНР се формирала и интер-ресорска работна група, којашто ќе ја раководи тој и четири тематски подгрупи на експертско ниво, што ќе го следат процесот на имплементација на обврските што произлегуваат од билатералниот Протоколот меѓу Северна Македонија и Бугарија. Информира дека МНР веќе упатило допис до МВР околу еден случај на говор на омраза на социјалните мрежи кон граѓани што се изјаснуваат како Бугари и дека тоа е пример како ќе функционира овој дел од Договорот со Бугарија.  

На новинарско прашање дали вчера историчарите на средбата во Скопје разговарале за Гоце Делчев, вели дека за ова е информиран колку и новинарите.

И јас не сум повеќе информиран за работата на Комисијата, отколку вие, бидејќи Комисијата си е автономна во својата работа и во нивните разговори, во содржината на темите. Тоа што знам е дека воопшто не стигнале да работат за Гоце Делчев, а утринава има соопштение од опозициска партија дека се договориле за Гоце Делчев. Разбирам политичка дебата, меѓутоа класични лажни вести за да се манипулираат граѓаните е опасен преседан што го воведуваме во дневно-политичкиот дискурс, оцени Османи.

Ги охрабри членовите на Комисијата да бидат што поотворени со јавноста, оценувајќи дека со Секретаријатот ќе имаат можност повеќе да работат и да бидат во комуникација со медиумите.

Вчера македонскиот тим во Комисијата преку соопштение информира дека тема на дводневната средба со своите бугарски колеги биле учебниците по историја кои го третираат периодот на средновековната историја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев.

Во однос на учебниците по историја тема на дискусија беа средновековните црковни институции и нивното значење за христијанството и словенската писменост и култура. Со оглед на долготрајноста на дискусијата по оваа тема членовите на Комисијата не отворија други теми. Дискусијата по оваа и другите теми за учебниците по историја ќе продолжи на следната средба, која би требало да се одржи кон крајот на октомври оваа година, се наведува во соопштението.

Оваа дводневна средба во Скопје помина без прес-конференција или изјави за медиумите на членовите на двата тима во заедничката комисија.

На оваа рунда разговори во македонскиот тим се приклучи Димитар Љоровски, историчар и професор во Институтот за национална историја, кој доаѓа на местото на Ванчо Ѓоргиев, кој лани ја напушти Комисијата.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања на претходната средба на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Северна Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил. Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Next Post

Нов закон за медиумска слобода во ЕУ

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk