Само Мицкоски и неговиот коалициски партнер Апасиев се против. ЕУ Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, во повторен обид неуставно да ги сопре евроинтеграциите, реагираат од СДСМ на изјавата на Мицкоски за поддршка на нова иницијатива за Референдум најавена од Левица.
„Единствените кои се против ЕУ, во фаза кога ги започнуваме преговорите и скринингот се Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев. Криминалната антиевропска коалиција го бара спасот за својата политичка кариера само преку блокади и назадување, на државата. За среќа, со ваквите очајни потези само дополнително се бетонираат во опозиција каде ќе останат долго време. Северна Македонија ги почна преговорите со ЕУ и наша обврска како сериозна државотворна партија е на брза лента да се движиме напред. Што поскоро разберат Мицкоски и Апасиев дека никој не ги поддржува нивните ретроградни политики, тоа подобро за нив и нивните политички кариери. Северна Македонија веќе не запира, а проблемите кои сакаат да ги вратат на маса прорускиот Апасиев и бранителот на криминалот, Мицкоски, нема да се случат“, истакнуваат од СДСМ.