ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Реформата на јавната администрација е важна за напредок кон ЕУ

September 19, 2022 13:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во периодот пред нас ќе мораме да се насочиме кон исполнување на европските барања и стандарди во реформирањето на јавната администрација и подобрување на стручноста на државните службеници, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ во воведното излагање на објаснувачкиот скрининг за реформа на јавната администрација.

Тој истакна дека оваа област ќе биде важна за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ и уште еден предизвик во кластерот „Темели“, додавајќи дека професионалноста на јавната администрација е важна, како за исполнување на обврските на европскиот пат, така и за создавање администрација која квалитетно ќе им служи на потребите на граѓаните.

Според Маричиќ, тоа што реформата на јавната администрација е специјално дефинирана како област и е дел од основите на кластерот „Темели“ само укажува на важноста и значењето што таа ќе го има за целиот преговарачки процес.

Ние сме добро свесни дека неспорно таа ќе биде од суштинско значење за динамиката на преговорите како целина. Модернизацијата и подобрувањето на државната и јавната администрација треба да се смета како основа на целиот јавен сектор од кој зависи развојот во секое демократско општество, потенцираше Маричиќ на состанокот.

Во својство главен преговарач, Маричиќ даде краток осврт на досега реализираното во оваа област во изминатите години, посочувајќи дека постојано е присутна политичката поддршка преку работата на Советот за реформа на јавната администрација со која претседава претседателот на Владата.

Формирана е работна група за подготовка на нова стратегија за Реформа на јавната администрација за периодот 2023-2030 година. Работната група вклучува претставници од сите засегнати страни и државни институции и граѓанскиот сектор. Во моментов работиме на текстот на стратегијата, а во октомври ќе се фокусираме на новите активности што ќе бидат дел од акциониот план. Овие два документи ќе бидат донесени до крајот на годината, рече Маричиќ во обраќањето пред претставниците на Европската Комисија.

Тој нагласи дека во текот на овој месец Министерството за информатичко општество и администрација ги објави нацрт-верзиите на законот за вработените во јавниот сектор – рамковен закон со кој се утврдуваат основите и принципите на вработените во јавниот сектор и законот за административни службеници, потенцирајќи притоа дека очекува пакетот на двата закони да биде донесен до крајот на годинава.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, кластерот „Фундаментални вредности“ има своја тежина од повеќе аспекти, затоа што вклучува области кои првпат се дел од пристапните преговори, како што се функционирање на демократските институции, реформа на јавната администрација и економските критериуми.

Во Брисел, во тек е објаснувачкиот скрининг состанок за реформата на јавната администрација, а според календарот, за денеска попладне е предвидено да се одржи и објаснувачкиот состанок за поглавјето 32 – „Финансиска контрола“.

Next Post

Пензионерите на крајот од месецот ќе добијат околу 7 проценти покачување на пензиите

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk