ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерва промоција на книгата „Јазикот е чудна ѕверка“ на Марина Костова во Скопје

September 26, 2022 09:47
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Книгата „Јазикот е чудна ѕверка“ на Марина Костова,  ќе има промоција вечерва од 20 часот во кафе-книжарницата Буква во Скопје. Промоцијата ќе биде во вид на разговор меѓу културологот д-р Дарин Ангеловски и авторката.

„Јазикот е чудна ѕверка“  е хибридна збирка со куси лични истории, рецензии и есеи, во издание на „Или-Или“. Конципирана е како флуиден текст кој, иако преоѓа од еден во друг жанр, за заеднички именител го има пишувањето како алатка за уживање во зборот односно јазикот. Личните истории имаат формат на куса проза во која се прожима носталгично доживување на урбан живот во Скопје во распон од речиси 50 години. Рецензиите за филм анализираат домашни и странски дела во распон од 20 години, но исто како и рецензиите за медиуми и есеите, во суштина го истражуваат духот на совремието, општествените промени и нивното промислување.

„Кога ги ставив сите зборови на куп, сфатив дека мојата љубов кон пишувањето и кон зборот е она што ги поврзува овие различни текстови: прозни цртички, сеќавања, есеи, рецензии, интервјуа, теоретски размислувања, афоризми, поезија. Меракот за текст е она што ги спојува различните делови во збирката“, вели Костова.

Дизајнот на корицата е на германскиот уметник Ангел Паневски, а поговорот е на Милчо Манчевски.

Марина Костова е наградувана новинарка и филмска критичарка. Таа е заменичка-главен уредник и членка на основачкиот состав на Дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК (www.sdk.mk). Авторка е на монографијата „Манчевски“ и на книгата „Дожд, светот за Пред дождот на Милчо Манчевски“, кои како македонски артефакти се достапни во над 120 национални и универзитетски библиотеки во светот. Претседателка е на Националната секција на Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Приведен крадец во Велес, одземеното вратено на сопственикот

НАЈНОВО

Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

October 15, 2025
Скриншот

Албанската опозиција бара разрешување на претседателот Бајрам Бегај

October 15, 2025
Фото: МИА

Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk