ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почна вежбата „Seven stars 22“ во организација на Командата на бригадата за Југоисточна Европа

September 28, 2022 11:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Kомандата на бригадата за Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), што е стационирана во Република Северна Македонија, од денеска почна со реализација на компјутерски асистираната вежба „Seven stars 2022“, која се одржува секоја втора година и е една од главните активности за обука на СЕЕБРИГ.

Оваа вежба од меѓународен карактер, соопштија од ГШ на Армијата, има за цел подобрување на оперативните способности на Командата на бригадата и придодадените единици во состав на бригадата, со цел подобрување на интероперабилноста при учество во операции за поддршка на мирот, хуманитарни асистенции и операции за одговор при катастрофи.

На вежбата, што ќе се изведува до 10 октомври со целосна поддршка на Армијата на Република Северна Македонија, ќе учествуваат повеќе од 200 цивилни и воени припадници на земјите членки на СЕЕБРИГ, како и набљудувачи од НАТО командите за брзо распоредување во Грција и Турција, ОБСЕ и слични мултинационални команди.

Во текот на вежбата ќе се извежбуваат НАТО процедури при командување и контрола помеѓу командата и придодадените единици во состав на СЕЕБРИГ, преку компјутерски симулирани вежби и вежби на карта во Центарот за симулација во составот на Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Дамниевски Бауман“ во Велес, како и на армиските капацитети во касарната „Боро Менков“ во Куманово и армискиот полигон „Криволак“, појаснуваат од ГШ на Армијата.

Во предвидените активности на вежбата на Денот за високи гости, што ќе се одржи на 6-ти октомври на АП Криволак, ќе биде прикажана и теренска вежба која ќе биде динамична демонстрација на активности на тактичко ниво на придодадената единица на СЕЕБРИГ од составот на Армијата на земјата домаќин.

Со Вежбата „Seven stars 2022“ се зајакнуваат способностите на СЕЕБРИГ за соработка и стабилност во Југоисточна Европа и воедно се демонстрира подготвеноста за учество во операции за поддршка на мирот во случај на барање на Обединетите нации и ОБСЕ.

Бригадата на Југоисточна Европа е формирана во 1999 година, врз основа на Договорот за регионална соработка на полето на одбраната, познат како Договор за мултинационални мировни сили на Југоисточна Европа (ММСЈИЕ), кој во 1998 година во Скопје го потпишаа министрите за одбрана на: Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Северна Македонија, Романија и Турција.

Локацијата на Командата на СЕЕБРИГ, која е на ротациона основа, е во касарната „Боро Менков“ во Куманово во период од 2020-2026 година, со што Армијата на Република Северна Македонија покрај учеството на свои единици и штабни старешини во СЕЕБРИГ се покажува како одговорен домаќин во овој шестгодишен период.

Единиците кои се назначени во бригадата остануваат на своите постојани домашни базични локации и се обврзани со принципот на наменски сили за вежби и операции по одлука на земјите учеснички и соодветната директива од Политичко-воениот управен комитет (ПВУК).

Позицијата командант на СЕЕБРИГ ротира помеѓу земјите учеснички, на тригодишен период.

Next Post

Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер и Оже – Алијасим во финалето на мастерсот во Париз

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

November 1, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Еден ослободен а 38 годишна жена приведена за грабежот во Лувр

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk