Таканаречените предлог мерки во енергетиката на Христијан Мицкоски не се ништо друго освен сумбилат од досегашни изјави на премиерот Димитар Ковачевски за чекорите што се преземале и ќе се преземаат во енергетскиот сектор, соопштуваат од СДСМ.
Оттаму нагласуваат дека Владата донесе конкретни мерки кои ќе значат сериозна помош за граѓаните, стопанството и останатите субјекти за полесно справување со последиците од светската енергетска криза.
„Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешен директор на ЕСМ, како советник на Груевски за енергетика со кого заедно ја зголемија двојно цената на електрична енергија во време кога немаше никаква енергетска криза, а струјата на берзите беше далеку поевтина. Ако Мицкоски сака да помогне, нека разговара со своите пратеници за тие да престанат со опструкции и уште денеска во Собранието да бидат изгласани законите кои се потребни за непречено снабдување со енергенси.“, се наведува во соопштението од СДСМ.