Бидејќи е познат по своите хидроцентрали за производство на струја, го повикуваме Христијан Мицкоски струјата да има ја даде бесплатно на граѓаните, истакна на денешната прес-конференција пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.
На што личи тоа Мицкоски наутро да лаже на прес конференции а навачер да брои пари од високите фактури за струја од неговите хидроцентрали?, прашува Каевски.
„Христијан Мицкоски е основач и сопственик на фирмата „Енерготек“ со која влегува во конзорциумот „Минка – Енерготек“. Во 2015 година од Владата на Груевски добива 33 илјади метри квадратни државно земјиште и гради хидроцентрали. Еве ги документите кои го потврдуваат тоа.
Мицкоски токму во тој период во истата таа Влада од која добива земјиште и концесија е советник за енергетика на неговиот шеф и ментор, тогаш премиер, Никола Груевски. Затоа и меѓу своите од ВМРО-ДПМНЕ го добил и надимакот Хидро Мицко. Во време на светска економска и енергетска криза, но и години претходно, Мицкоски го полнел џебот продавајќи електрична енергија од своите хидроцентрали“, изјави Каевски.
Тој нагласи, ако е загрижен за струјата и стандардот на граѓаните, Мицкоски ќе ја отстапи бесплатно струјата од своите хидроцентрали за граѓаните.





