ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ од Стразбур: Улогата на Парламентот во пристапните прегорите ќе ја дефинираме со Меморандум за соработка

October 6, 2022 11:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, во своето обраќање на 20-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ ја истакна важноста за вклучување и соработка со различни општествени чинители, ставајќи акцент на Парламентот, како клучна институција за напредокот на преговорите и нивната динамика.

Парламентот е значаен партнер во пристапувањето во Европската унија и затоа улогата на неговите тела – Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, ќе ги дефинираме преку Меморандум за соработка. Согледувајќи ја важноста да се има национален консензус, ќе ги направиме сите напори опозицијата да се вклучи во процесот, рече Маричиќ.

Тој нагласи дека земјава ја има предвидено својата динамика во однос на полноправното членство во Европската унија и конкретно во однос на нашите подготовки за скрининг процесот и последователните активности, давајќи краток осврт на усвоената преговарачка структура, која моментално се операционализира, а се заснова на долготрајните механизми за координација на ЕУ, но ги одразува и новитетите на ревидираната методологија на ЕУ за пристапни преговори.

Во Европскиот парламент, Маричиќ го истакна своето задоволство за поддршката која ја добиваме преку активностите во рамките на дијалогот „Жан Моне“ и изрази верување дека соработката ќе се интензивира и дека искуство на европратениците и редовната комуникација со пратениците од нашето Собрание ќе бидат од исклучителна помош за тоа како дополнително да ја подобриме улогата на Парламентот, како форум за конструктивен политички дијалог.

Вашата поддршка, партнерство и совети би биле уште повеќе ценети во нашите подготовки за билатералниот скрининг, бидејќи една од новите области, „Функционирањето на демократските институции“ во Кластерот 1 – „Темели“, што е најважно од процесот на пристапување, како и подобласта за функционирање на парламентите во демократските институции, порача Маричиќ.

Тој ја искористи приликата и накратко ги информираше европратениците за текот на скрининг процесот, за успешно завршените преговори за Договорот за статус со ФРОНТЕКС и го најави неговото потпишување за неколку недели.

Со гордост можам да кажам дека Северна Македонија е првата земја од регионот што го има договорот според Регулативата за европска гранична и крајбрежна стража од 2019 година. Во делот на владеењето на правото, во тек се активностите за подготовка на нова судска стратегија, како и процесот на дигитализација на судството, информираше Маричиќ додавајќи дека финансиските истраги продолжуваат, а се очекува предлог-законот за Управата за наплата на имотот да влезе во собраниска процедура.

Денеска во Стразбур продолжува вториот ден од седницата на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ, со важни точки на дневен ред за развивање дебата, како енергетската криза и животна средина, добрососедските односи и регионалната соработка и Извештајот на Дијалогот „Жан Моне“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ковачевски на средба со премиерите и лидерите од Партијата на европските социјалисти

НАЈНОВО

Голема победа на ракометарите на Вардар во Тулуз

October 21, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Крадците од музејот Лувр предизвикале штета од 88 милиони евра

October 21, 2025

Мециновиќ: Вториот круг е избор меѓу статус кво-то и вистинска промена

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk