ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Помалку емоции, а повеќе факти и заеднички активности во градењето добрососедски односи

October 6, 2022 18:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Две вистини треба да се прифатат во двете земји – дека Втората светска војна е завршена пред повеќе од 70 години и дека Студената војна заврши пред повеќе од 30 години, а битката меѓу Северна Македонија и Бугарија не е ниту национална, ниту етничка, туку е битка меѓу оние сили што сакаат овие две држави да живеат во мир, пријателство, со заедничка европска иднина и оние што сакаат да профитираат од вечно замрзнат или затоплен конфликт, рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на денешниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ.

Маричиќ зборуваше по излагањето на бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски кој се осврна на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Изгледа не сме ја извлекле лекцијата дека сите несреќи на Балканот во последните 30 години произлегоа од неприфаќањето на овие две вистини. Тоа е оптоварување од двете страни на границата. И битката не е ниту национална, ниту етничка меѓу Северна Македонија и Бугарија. Туку е битката меѓу оние сили што сакаат овие две држави да живеат во мир, пријателство и со заедничка европска иднина, како што сме денес сојузници во НАТО, и оние што сакаат да профитираат од вечно замрзнат или затоплен конфликт, зависно од потребата помеѓу нашите два народи, нашите две држави кои се соседни и многу блиски, и кои е природно да бидат блиски, реплицираше Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ, како што информира неговиот Кабинет, кажа дека добрососедските односи и продлабочувањето на регионалната соработка се високо на агендата на Владата на Северна Македонија, бидејќи тоа, како што напомена, е од заеднички интерес, и наш и на Бугарија. Останува, додаде, посветеноста на добра волја да се спроведуваат билатералните договори и дополнително да се зајакнуваат добрососедските односи со што помалку емоции, а со што повеќе факти и заеднички активности.

Важно е напорите да се од двете страни на границата. Само така ќе имаме стабилно пријателство. Се друго ќе биде разбрано како уцена, како притисок и тоа може да раѓа фрустрација и такви изливи какви што видовме на стадионот во Скопје, посочи Маричиќ.

На обвинувањата од европратеникот Џамбаски за сепаратизам од страна на Северна Македонија, Маричиќ одговори дека ние сме држава членка на НАТО, докажан партнер, земја која нема на ниту еден начин посегнато по кој било сосед, туку напротив, дека добрососедските односи ни се постојана тема.

Дури и нашите граѓани во еден дел сметаат дека единствена тема на европските интеграции се добрососедските односи и дека европските интеграции постојат за да им удоволиме нешто на сите соседи. Знаеме дека не е така, но таква е перцепцијата, рече Маричиќ во Европскиот Парламент пред европратениците и повика на соработка и на работа од двете страни на границата, потенцирајќи дека од наша страна веќе има подадена рака.

Во однос на соработката и поврзувањето со Бугарија, Маричиќ рече дека на Коридорот 8 долго време немало напредок, но она што е ново е што во последната година се направени големи напори за повторно да се активира проектот за железницата и дека почнува да се работи со конкретни рокови.

Next Post

Ковачевски во Прага: Солидарноста и соработката се неопходни за да се надмине енергетската криза

НАЈНОВО

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

August 28, 2025
Фото: Скриншот,

Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk