ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мираковска од Стразбур: Бојкотот на Собранието не е начин да се оди напред, мора да се донесат реформите што ќе не однесат во ЕУ

October 6, 2022 18:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Од европратениците беше потенцирано дека бојкотирањето на Собранието не е начин да се оди напред, особено не да се имплементираат реформите што ќе не однесат во ЕУ, изјави за МИА пратеничката Соња Мираковска по завршувањето на Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија – ЕУ.

Затоа една од последните теми или петтата тема за нашиот 20-ти состанок е процесот „Жан Моне“, што со него, како ќе продолжиме и кога ќе го завршиме затоа што тој ќе ни донесе еден деловник што ќе биде помодерен, кој ќе биде ефикасен и со кој ќе можеме практично да одговориме на предизвиците, Собранието да биде функционално, да најдеме начин за компромисни решенија со опозицијата за да можеме практично да ги спроведуваме реформите, да ги носиме законите со кои ќе се спроведат реформите, рече таа.

Посочи дека следува Меморандум со кој ќе се дефинира улогата на Собранието и двете важни тела во Собранието, а тоа е Комисијата за европски прашања, но и Националниот совет кој го води претставник на опозицијата, две важни тела кои ќе си ги поделат задачите околу пристапниот процес.

Мираковска потсети и дека Собранието веднаш по носењето на одлуката на Европскиот совет донесе заклучоци во кои ги постави црвените линии.

Ги задолжи и оваа Влада и идните влади работите за кои не може да се преговара, а тоа се идентитетските прашања, прашањата за македонскиот јазик, прашањата кои се однесуваат на нашето право за нашата историја и дека билатералните договори треба да се потрудат идните влади да не дозволат да бидат предмет на преговори во дел на преговарачката рамка, туку надвор од процесот, рече таа.

Мираковска нагласи дека главната порака од состанок е дека Република Северна Македонија ги започна преговорите.

Тоа го потврдија претставниците на Европската комисија дека со Македонија работите се движат, започнати се разговорите, почнат е скрининг процесот, се очекува наредната година да заврши и дека сме на патот на кој заедно работиме, на пат на кој споделуваме информации, одиме напред кон ЕУ, рече Мираковска.

Во Европскиот парламент во Стразбур овие два дена се одржуваше 20-от Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ (Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација), којшто првпат се одржува откако Северна Македонија ги отпочна преговорите за членство во ЕУ. 

Next Post

Ковачевски – Мицотакис: Заедничките стратешки проекти се од голема важност за долгорочната енергетска независност

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk