ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Само преку информирање на граѓаните можеме да ја вратиме довербата во системот

October 6, 2022 19:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска претседаваше со Советот за следење на состојбите во пензискиот систем на кој беа присутни претставници од Министерството за финансии, МАПАС и Здруженијата на пензионери. На седницата на советот се разговараше за даночните реформи и придобивките од вториот и третиот пензиски столб. Исто така беше презентирана и Анализата на тековните состојби во капитално финансиското пензиско осигурување изработено и презентирано од страна на МАПАС.

Она што сакам да го отвориме како прашање е информирањето особено на најмладите членови за функционирањето на пензискиот систем. Да бидат информирани за тоа каде одат нивните парични средства и да бидат сами способни да се изразат каде сакаат да членуваат. Само преку вистински информации можеме да ја зголемиме довербата на граѓаните во системот, рече Тренчевска.

Таа посочи дека секој еден кој што е дел од пензискиот систем треба да може и да умее сам да го разбере „зелениот плик“ а не тој да биде само формален дел од информирање на граѓаните во државата.

Од МАПАС и од Здруженијата информираа дека средства за кампањи се одделуваат на годишно ниво и дека во однос на зголемувањето на едукацијата и знаењата на граѓаните има напредок, меѓутоа посочија дека тоа е процес кој што е долготраен. Претставниците се осврнаа и на потребната едукација на студентите и средношколците.

Соодветно на презентацијата за предлог даночните реформи од страна на претставничката од Министерството за финансии , Министерката Тренчевска побара да бидат доставени до Министерството за труд и социјална политика предлози и мислења во писмена форма кои дополнително ќе бидат разгледани и дискутирани на наредните седници на Советот за следење на состојбите во пензискиот систем. 

Next Post

Престанува да важи одлуката за ограничен извоз на пченица и брашно

НАЈНОВО

Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

„Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите

October 28, 2025

НИС нема одговор зошто се блокирани милион барели казахстанска нафта за Србија

October 28, 2025
ВИ

По земјотресот во Турција со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk