ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Скринингот со ЕУ продолжува, денеска почна објаснувачката анализа за вториот кластер – Внатрешен пазар

October 7, 2022 15:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Во Европската комисија во Брисел продолжуваат објаснувачките скрининг состаноци, а денеска почна објаснувачката анализа за вториот кластер – Внатрешен пазар, со посебен акцент на поглавјето 4 – Слободно движење на капиталот.

Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменик главен преговарач на Северна Македонија со Европската Унија, Дрита Абдиу Халили истакна дека земјава има направено низа промени во однос на усогласување на националното законодавство со ЕУ во областа на Слободно движење на капиталот.

Од СЕП посочуваат дека нашата делегација ќе ги слушне искуствата и советите на Европската комисија за начинот како ние како земја можеме подобро да ги исполниме барањата за успешна интеграција кон единствениот пазар на Европската Унија.

На состанокот, додаваат од СЕП, исто така беа претставени и новите предлози на законодавството на ЕУ во однос на системите за брзо плаќање кои се во функција на слободното движење на капиталот.

Слободното движење на капиталот претставува еден од основните столбови на Европската унија заедно со движењето на стоки, луѓе и услуги. Вклучува широк опсег на политики кои обезбедуваат поголем просперитет, економска благосостојба, нови работни места и слободно движење на капиталот.

Слободното движење на капиталот е основата на слободниот пазар на ЕУ. Европската комисија денеска претстави делови од новата ЕУ легислатива во однос на борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот.

На 10 октомври ќе се одржи објаснувачки состанок за Поглавје 1 слободно движење на стоки и Поглавје 3 Право на основање и слобода на давање услуги.

На 27 септември заврши објаснувачкиот скрининг за првиот Кластер „Темели“ или „Фундаментални вредности“ на ЕУ, во којшто се опфатени владеењето на правото, политиките на добро владеење, реформите во јавната администрација и менаџирањето со јавните финансии.

На 8 ноември се очекува да започне билатералниот скрининг со ЕУ и ќе се одвива паралелно со објаснувачкиот. Во објаснувачкиот скрининг ЕУ дава ажурирање на се она што е ново во законодавството, со оглед на тоа дека се поминати неколку години од првите објаснувачки состаноци што ги имаше земјава со Унијата во 2019 година. Во билатералниот скрининг, пак, државава ќе треба да го презентира степенот на усогласеност на законодавството со ЕУ, календар за натамошното усогласување, начинот на градење инстиуционални, административни и останати капацитети за точно имплементирање на европските стандарди.

Скринингот за усогласување на нашето законодавство со тоа на ЕУ официјално почна на 15 септември, и според очекувањата ќе трае до ноември 2023 година.

Next Post

Приведен прилепчанец за издржување казна затвор од шест години и пет месеци

НАЈНОВО

Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

August 15, 2025

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: 11 часа по објавата на кандидатурата за градоначалничка, полицијата ми врачи кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk