ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: Аплицирањето за Годишните конкурси за проекти од национален интерес во културата за 2023 започнува в понеделник

October 13, 2022 14:09
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на дешната прес-конференија соопшти дека од понеделник, 17 октомври, во 8 часот, ќе биде отворен системот за електронско аплицирање на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година. Системот за аплицирање ќе биде затворен на 17 ноември во 16 часот, соопштија од Министерството за култура.

„Користејќи ги позитивните, но и негативните искуства од претходното, всушност, прво аплицирање по електронски пат, оваа година електронското аплицирање целосно ќе се спроведува преку националниот портал е-услуги, а не преку веб-страницата на Министерството за култура. Тоа го правиме со цел дополнително да ја поедноставиме процедурата, на апликантите да им заштедиме и време и средства за неопходните документи кои сега директно ќе можат да ги преземаат и да ги прикачуваат, како што се, на пример: уверение за државјанство, увид во  тековна состојба и слично“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

На прес-конференцијата беше кажано дека техничките упатства и поддршката при регистрирањето, корисниците ќе можат да ги најдат на веб-страницата на uslugi.gov.mk, како и преку контакт-центарот на овој национален портал.

Министерката Костадиновска-Стојчевска ги објасни придобивките од новиот начин на аплицирање кој се воведе минатата година со што, межу другото се скрати времето за евалуација на поднесените пријави за десетина илјади работни часови, а се избегнаа можностите за злоупотреба, како менување или дополна на пријавите.

Таа додад дека со новиот начин на аплицирање, пак, добиваме нова придобивка. „Преку националниот портал е-услуги, автоматски ќе биде оневозможено да се конкурира со повеќе проекти од утврдените во правилата на Конкурсот. Затоа, и во оваа пригода ги замолувам корисниците  да обрнат внимание на Општите услови и на условите за аплицирање во секоја дејност одделно. Особено во делот кај условите, со колку проекти може да се конкурира по дејност бидејќи, да повторам, системот автоматски нема да дозволи физичко или правно лице да аплицира во повеќе дејности од пропишаните“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Новина годинава е што, за првпат и решенијата за прифатени, одбиени или отфрлени проекти, корисниците ќе ги добијат по електронски пат.

Помош во делот за пријавите корисниците и натаму ќе можат да побараат од секторите во Министерството за култура. Контактите со конкретни лица по области и нивните е-адреси ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за култура.

Next Post

Зеленски: Европа може да одигра историска улога во формирањето на трибуналот за руските воени злосторства во Украина

НАЈНОВО

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

August 28, 2025
Фото: Скриншот,

Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk