ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Во Извештајот на ЕК опозицијата е полошо оценета од Владата поради блокадите во Собранието

October 13, 2022 15:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако ги погледнете сите области во последниот Извештај на Европската комисија, Република Северна Македонија има остварено напредок во текот на минатата година и дополнително и исклучително важно е тоа што во него е нотирано дека земјата ги почна преговорите со Европската Унија, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната заедничка прес-конференција со министерот земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски посочи дека ова е прв Извештај на ЕК во историјата на извештаите каде што опозицијата е полошо оценета од Владата, јави МИА.

– Тоа е поради блокадите во Собранието, а нефункционалноста не е предизвикана од Владата, туку од опозицијата. Тоа е нотирано и во самиот извештај, вели Ковачевски.

Премиерот додаде дека на последната седница во Собрание посветена на пратенички прашања, ги повикал сите политички партии и пратеници заедно и обединето да се соочат со предизвиците за полесно справување со енергетската и економска криза, како и побрз пристап кон ЕУ.

– Веќе сме во процес на преговори, а во тек е скринингот. Во ноември почнува и билатералниот скрининг. Целта е целиот скрининг процес да заврши до ноември следната година. Следниот Извештај на Европската Комисија сигурно ќе биде подетален, бидејќи ќе содржи дополнително и податоци од објаснувачкиот скрининг и билатералниот скрининг, појаснува премиерот.

Како што додаде, во билатералниот скрининг, преговарачкиот тим на Северна Македонија ќе презентира во кој дел и колку државата е усогласена и напредната.

– Кога тој процес ќе заврши тоа ќе биде јасен патоказ што државата треба да направи во иднина со цел да го адаптира законодавството, спроведувањето на законите усогласени со ЕУ, со цел на крајот да станеме членка на Унијата, вели Ковачевски.

Премиерот порача дека е значајно сите во општеството да бидат дел од евроинтеграциите, бидејќи како што вели тоа е процес што ќе трае најмалку осум години.

– Со оглед на нашиот капацитет како држава и јасната ориентираност кон европските интеграции и тоа што 45 проценти од законодавството е усогласено со европското законодавство, Владата ќе ги вложи сите свои капацитети, но мора и сите други чинители во општеството. Сите реформи што ќе треба да се прават на тој пат ќе бидат споделувани со Националниот комитет за европските интеграции во Собранието, чиј претседател е токму член од опозицијата, додава премиерот Ковачевски.

Тој истакна дека македонскиот народ и државата заслужуваат да станат дел од заедница на земји каде има социјална правда, економски просперитет и владеење на демократијата на највисоко ниво.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Тренчевска: Работиме на тоа сите граѓани во нашата држава да имаат еднаков пристап до социјалните услуги

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта за крај на војната во Украина

October 16, 2025

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

October 16, 2025

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk