ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Ниту еден вработен нема да остане без работа, мерките се намалување на трошоците, а не за раскинување договори за работа

October 17, 2022 12:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска потврди дека ниту еден вработен нема да остане без работа, а мерките што ги донеле како Влада, се однесуваат на намалување на трошоците и за фискална консолидација во државата.

Мерките се однесуваат на намалување на трошоците и за фискална консолидација во државата, и исто така зголемување на приходите. Ниту јас, ниту кој било министер има кажано дека на некој вработен ќе му биде раскинат договор и дека ќе остане без работа, а тоа го потврди и министерката за труд и социјална политика, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања, по отворањето на втората фабрика на американската компанија „Кемет Електроникс“ во ТИРЗ Скопје 1.

Ковачевски појасни дека намерата е менаџерите, директорите на јавните претпријатија, на трговските друштва во државна сопственост, како и на другите институции, да применуваат најдобри менаџмент практики со цел да ги намалат трошоците.

Исто така, сите институции треба да видат кој е нивниот оптимален број на вработени, кој е тој оптимален обем на работа што го имаат во текот на денот, бидејќи да не заборавиме, ако ротираат вработените, и тоа веќе го прават приватните фирми, како и низ целиот свет, ако дел од работниците користат одмор во време кога е најскапа електричната енергија, ако ги ротираат вработените за да има работа од дома, тогаш ќе се намалат трошоците не само за вработените, туку и трошоците поврзани со работењето, како што е греење, осветлување, кажа Ковачевски.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, во саботата рече дека ќе нема отпуштања и намалување на платите на вработените во администрацијата.

Тренчевска кажа дека во политиката за намалување на расходите нема ниту една таква мерка, туку тоа се препораки како да се заштеди во јавниот сектор со цел парите кои ќе бидат заштедени да одат во реалниот сектор. – Во ниту една мерка не пишува дека администрацијата ќе биде отпуштена од работа и дека ќе им е намалена платата. Една мерка е за рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор преку функционална анализа, односно да се види дали има доволен број вработени во институцијата или вишок, рече Тренчевска, додавајќи дека тие кои се вишок нема да бидат отпуштени, туку целта е да се направи оптимизација и преку мобилност да се преземат тие вработени. 

Next Post

Шкријељ: Ќе дадеме поддршка за секој предлог што значи заштита на антифашистичките вредности

НАЈНОВО

Скриншот

Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција Диела е бремена, очекуваме 83 деца

October 27, 2025

„Ле Каландре“ од Италија е најдобар ресторан во светот за 2025

October 27, 2025
Фото: МИА

Лазаров: Манасков игра во одлична форма и затоа доби повик, но тој го одби

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk