ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Државните институции во септември заштедиле вкупно 20 отсто струја

October 19, 2022 12:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата, судовите, Собранието, претседателот на државата, ЕСМ и МЕПСО во септември годинава вкупно заштедиле 20 отсто струја во однос на истиот месец лани.

Според анализата што денеска ја презентира министерот за економија Крешник Бектеши, доколку се земат предвид податоците од потрошувачката само на административните згради на министерствата, претседателот на државата, Собранието, Владата, АД ЕСМ и АД МЕПСО заштедата на струја изнесува 25 отсто. Притоа, шест субјекти имаат намалена потрошувачка на енергија во септември, но немаат остварено заштеди од 15 отсто согласно задолженијата, додека останатите субјекти имаат остварено заштеди од 15 -73 отсто, повеќето од 25 до 35 проценти.

Единствено, како што рече Бектеши, административната зграда на Министерството за локална самоуправа има  зголемена потрошувачка на енергија за 81 процент, а најголема заштеда е направена во административната зграда на АД ЕСМ од 75 отсто.

Заштедата на струја кај претпријатијата во државна сопственост изнесува осум отсто, а опфатени се вкупно 17 државни компании. Општините, пак, кои имаа препорака за заштеда на електрична енергија вкупно за 29 отсто ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во септември, споредено со истиот месец претходната година.

Согласно податоците, заштедата на електрична енергија во зградата на Владата е 25 отсто, кај МВР 21 отсто, кај Министерството за култура 40 отсто, Министерството за образование 35 отсто, Министерството за политички систем 22 отсто, Министерството за транспорт и врски 30 отсто, Министерството за труд и социјална политика 36 проценти, Министерство за финансии 32 отсто, а Министерство за економија 30 проценти, рече Бектеши.

Како што истакна Бектеши, најмала заштеда е направена во административната зграда на Министерството за здравство од два отсто, по што следуваат Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана со по осум проценти заштеда.

Според анализата, Собранието заштедило 29 отсто од потрошувачката на електрична енергија, додека кај Кабинетот на претседателот заштедата е 17 проценти.

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Овие податоци покажуваат дека доколку сме сите рационални и не трошиме непотребно електрична енергија, може да се направат големи заштеди. Доколку сите дадеме максимален придонес за намалување на потрошувачката на струја во државата, секој со свој личен влог може да помогне полесно и со најмали можни последици да се справиме со оваа енергетска криза, рече Бектеши.

Тој апелира дека состојбата во енергетскиот сектор, не само во Северна Македонија, туку и во цела Европа, не е шега и секој степен помалку, како што нагласи, е заштеда од околу пет отсто на енергенсите.

Грејната сезона почна и треба сите ние во наредниот период малку да се фокусираме на штедење и на начините како да го направиме тоа. Една мала промена на секојдневните навики може да направи голема разлика, порача Бектеши.

Анализата исто така покажува дека вкупно 111 институции немаат потпишано договор за снабдување со електрична енергија и се снабдуваат на краен снабдувач со многу повисока цена односно цената на HUPX + 20 отсто.

Најголем број субјекти кои се снабдувани од снабдувачот во краен случај се основните и средните училишта, по што следат министерствата и здравствените установи.

Државните претпријатија заштедиле осум отсто струја

Претпријатијата во државна сопственост минатиот месец заштедиле осум отсто струја во споредба со септември лани.

Со анализата што ја презентираше Бектеши, опфатени биле вкупно 17 државни компании.

Притоа, само кај ЈП Водостопанство – Македонија се забележува поголема потрошувачка на електрична енергија отколу во септември минатата година.

Од овие субјекти, девет оствариле заштеди од минимум 15 отсто, пет оствариле заштеди помалку од 15 отсто, а два субјекта имаат поголема потрошувачка на електрична енергија – едниот за 10 отсто, додека другиот за над 50 проценти. Субјектот кај кој се забележува поголема потрошувачка на електрична енергија е ЈП Водостопанство – Македонија, информира Бектеши.

Грејната сезона почна и треба сите ние во наредниот период малку да се фокусираме на штедење и на начините како да го направиме тоа. Една мала промена на секојдневните навики може да направи голема разлика, порача Бектеши.

Општините во септември заштедиле 29 отсто струја

Општините за вкупно 29 отсто ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во септември, споредено со истиот месец претходната година.

Како што рече Бектеши, презентирајќи ја анализата за рационална потрошувачка, од 81 општина, 25 не постигнале заштеда од 15 отсто, а останатите 56 општини успеале да направат заштеда поголема од 15 отсто. Притоа, најмногу отстапува Арачиново со значително поголема потрошувачка отколку септември минатата година.

Најмногу со поголема потрошувачка отстапуваат Арачиново, Гостивар и Свети Николе. Останатите што не ја постигнале заштедата од 15 отсто се во ранг од 40 до 13 отсто, информира Бектеши.

Министерството за економија до Владата достави сет препораки и задолженија за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија за безбедна зима. Овие мерки почнаа да се применуваат од 1 септември и сите органи на државната управа, државни институции и јавни претпријатија беа задолжени да остварат заштеди во потрошувачката на електрична енергија за 15 отсто на месечно ниво, почнувајќи од 1 септември 2022 заклучно со 31 март 2023 година, споредено со истиот месец од претходната календарска година.

J. Ѓ.

Next Post

Конкурсот за поднесување иницијатива за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ трае до крајот на месецов

НАЈНОВО

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ: Нема да му простам

November 9, 2025
ВИ

Издадено предупредување за цунами во Јапонија по земјотресот од 6,8 степени

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk