Екипите на Конзерваторски центар-Скопје, активно работат на заштитно-конзерваторските работи на скопскиот Аквадукт, споменик од исклучително значење, објави на Фејсбук, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Таа нагласува дека со 5 милиони денари се завршува стабилизација на 6 инклинирани столбови со микроколови кои ќе се изведуваат со континуиран надзор од стручниот тим, а следна фаза е стабилизација на уште 4 од накосените столбови со истата методологија.
„Заштитно-конзерваторските активности на Аквадуктот во Скопје се вклучени и во стратешките приоритети на Програмата за работа на Владата со цел да се зачуваат несекојдневните карактеристики на ова заштитено културно добро, негов адекватен третман, промоција и презентација во согласност со Законот за заштита на културното наследство“, истакнува министерката Костадиновска Стојчевска.





