ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери – Адамова: Чешка е голем поддржувач на евроинтеграциите на Северна Македонија

October 24, 2022 14:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Чешка е голем поддржувач на ЕУ- интеграциите на Северна Македонија и тоа не само со зборови туку и со дела, истакнала претседателката на Домот на пратениците на Парламентот на Чешката Република, Маркета Пекарова-Адамова, на денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Џафери, пак, ја потенцирал одличната и интензивна соработка меѓу двете земји на сите нивоа и упатил благодарност до чешката страна за целокупната досегашна помош и поддршка што ја имавме во контекст на нашите евроатлански интеграции.

Уверен сум дека Вашата поддршка и пријателска соработка кон нашата земја ќе продолжи и понатаму со истиот интензитет, нагласи Џафери, се наведува во соопштението од средбата.

Зборувајќи за досегашниот тридецениски трнлив пат на земјата на патот кон ЕУ и НАТО, за предизвиците со кои се соочивме и се соочуваме на тој пат, Џафери изразил надеж дека сето тоа ќе се заврши на најдобар можен начин и конечно ќе ги затвориме сите отворени прашања кои подолг временски период го отежнуваат нашето потполно интегрирање. Тој исто така го поздравил и формирањето на Чешката пратеничка група за соработка со нашето Собрание и изразил лично уверување дека парламентарната соработка ќе продолжи да се развива и понатаму со зголемена динамика.

Претседателката на чешкиот парламент, Маркета Пекарова – Адамова, нагласи дека Чешка е голем поддржувач на ЕУ- интеграциите на нашата земја и тоа не само со зборови туку и со дела и ја потенцираше и досегашната одлична парламентарна соработка и изрази спремност и понатаму да се продлабочи взаемната соработка на сите полиња.

-Свесни сме дека Вашиот пат кон ЕУ е тежок но истовремено сме горди и го поддржуваме Вашиот оптимизам и спремност да успеете на овој пат, нагласи Адамова. Исто така, таа, од име на нејзината земја упатила благодарност до Џафери за учеството и партиципацијата во заедничката воена помош кон Украина, како сојузници во НАТО.

Како што се наведува во соопштението од средбата, двајцата соговорници се согласија дека интензивната политичка соработка на сите полиња и во наредниот период ќе продолжи со несмален интензитет.

Next Post

Поддршка од Чешка за забрзан процес на интеграциите за полноправно членство во ЕУ

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk