ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Насилството не се симнува од насловни, нам око не ни трепнува

Итно е потребна хуманизација на општеството, секаде и во сите пори, со цел расположлив арсенал: едукација, култура, уметност, социјален ангажман, сè што може да помогне побрзо да се разбудиме од овој кошмар од кој веќе ги пребројуваме жртвите ѕверејќи во празен екран

October 28, 2022 10:57
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Ана Василевска

Ана Василевска

Share on FacebookShare on Twitter

АНА ВАСИЛЕВСКА

Само во изминативе десетина дена слушаме, читаме за најразлично насилство и опасност по живот во количина од која може да се предозира секој човек со здрав разум. „Дојава за бомби во ЈСП“, „Дојава за бомби во училиште“, „Договорена тепачка на 300 средношколци“, „Тепачка, демолирање и убиство во кафулиња“, „Претепан новинар пред неговиот дом“, се само дел од вестите што не се симнуваат од насловните страници и ударните телевизиски вести. И тоа само во неколку дена.

Како и зошто се „произведува“ оваа количина на девијација и зло се едни од прашањата, но не помалку загрижува рамнодушноста со која ги восприемаме овие информации. Порано важеше она секое чудо за три дена, сега, би рекла, чудото умира за три часа. Ако на сета оваа колективна изложеност на објави со црна содржина ги додадеме нашите секојдневни грижи (секој се соочува со секакви проблеми, болест, смрт на блиски итн.), прегоревме, верувам дека веќе научивме и тие да ги релативизираме. До коска. Никому за ништо не му е гајле, или барем така се чини?

Често се фаќам и самата како барам бегство во банални и тривијални информации по социјални мрежи, како на пример дневен хороскоп или рецепти за храна што одамна знам да ја готвам. Некоја слаба оценка на децата во училиште ништо не ми значи, не ме возбудува премногу ниту некој нивен успех. Сè ми е релативно, и дали да напишам за тоа што длабоко ме вознемирува некаде во маргините на свеста, или да не напишам.

Чувствувам како онаа сива мозочна маса во главата ми клокоти, се бунтува и не може да го поднесе квантумот на отров со кој сите секојдневно се полниме. И сега, каде е спрегата на овие две причинско-последични појави, насилството станува нормална појава затоа што ние не реагираме, или не реагираме затоа што сме премногу изложени на информации за истото? Не знам. Но, секако знам дека е проблемот секаде и во сите. Почнувајќи од воспитно-образовните установи, во домашното воспитување, во резигнираноста на институциите кои треба да се занимаваат со овие социолошки појави, во психолозите од кои единствено работат оние во приватниот сектор (наплатуваат за анксиозност, би рекла тие и добро профитираат од „заболеното општество“). Одговорна и навремена информација, пак, за гореспоменатите вести, од МВР не добиваме. Навикнавме дека тоа ќе потрае, истрагата е во тек. Кражбите и корупцијата ни се тема за на кафе и пијачка, краткотрајно ликување кога правдата е задоволена (а тое е ретко) и толку. Подлабоката анализа би одела на адреса и на глобалните случувања, пандемија, војна во Украина, кои исто така имаат домино ефект врз нашата микро слика, но, сепак, сега говориме за нас.

Се сеќавам на времињата во моето детство кога за една маалска тепачка за женска или слична глупост, во која актерите на оваа случка поминале со модринки, се зборуваше на клупи пред зграда цела година. До евантуално следната, за реванш во друго маало. Убиствата и бомбите беа вест од оние повеќедеценски завојувани земји или сцени од американски филмови. Оваа мала дигресија со минатото, кое и не е така одамна ( пред 30-тина години), можеби и не е соодветна, јасно е дека информациите беа селективни, ја немавме брзината на интернетот. Ама бевме раат. Толку многу раат, што со крајна сочувствителност реагиравме и кога некој сосед не се чувствува добро и на вестите за гладните деца во Африка и со осуда кон секој облик на насилство. Од говор на омраза, најстрашни беа пцостите.

Ок, ниту сакам да се вратиме во ерата на информативен мрак, ниту е тоа можно (барем сум оптимист дека нема да останеме без струја ) ама дефинитивно не ми се допаѓа што научивме да мижиме пред злото, да релативизираме сè, да ги третираме аномалиите како духови.

Црвената линија е згазена одамна, вртоглаво се движиме кон бездната, создаваме генерации неемпатични луѓе кои еден ден ќе немаат реакција и кон сопствените рани и болки, а оваа емоционална и духовна празнина нема да можат да ја пополнат силикони, филери, скапи автомобили, а насилството ќе стане нормално секојдневие.

Итно е потребна хуманизација на општеството, секаде и во сите пори, со цел расположлив арсенал: едукација, култура, уметност, социјален ангажман, сè што може да помогне побрзо да се разбудиме од овој кошмар од кој веќе ги пребројуваме жртвите ѕверејќи во празен екран.

 

Next Post

Османи: Отворањето клубови во двете земји на ваков начин не е во корист ниту на македонската, ниту на бугарската заедница

НАЈНОВО

Мицкоски: Одржливата енергија не е политички избор, туку морална обврска кон идните генерации

October 28, 2025

Герасимовски бара да ги преземе ингеренциите на „Комунална хигиена“ за Центар

October 28, 2025

Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk