Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Галаб Донев денеска одржаа билатерална средба каде фокусот на разговорот беше интензивирањето и унапредувањето на соработката меѓу двете земји, соопшти прес-службата на Владата.
Двајцата премиери разговараа за повеќе актуелни теми, како и за фактот дека активностите како денешниот настан, почетокот на изградбата на железничкиот Коридор 8, ги потврдуваат заложбите на двете држави за напредок на меѓусебните односи.
Како што се наведува во владиното соопштение, на средбата меѓу Ковачевски и Донев стана збор и за можностите за проширувањето на капацитетите на гасоводот и продлабочена соработка која ќе обезбеди справување со последиците од енергетската криза која го засега цел европски континент.