Најмалку десет лица се убиени во наводен самоубиствен напад во сомалискиот главен град Могадишу, соопшти локалната полиција.
Полицискиот службеник Мохамед Дахир изјави за ДПА дека видел најмалку десет безживотни тела и дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми.
Две големи експлозии го погодија Министерството за образование во центарот на градот, откако милитантите упаднаа на територијата на комплексот, додаде Дахир.
Се претпоставува дека нападот го извршила терористичката група Ал Шабаб, која ја презеде одговорноста за двата самоубиствени напада на радио-станицата Андалус. Оваа група контролира големи делови од централниот и јужните големи делови на Африканскиот рог и често извршува напади врз цивили, владини претставници, бизнисмени и новинари.