Екс пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев денеска објави фотографија на социјалните мрежи, каде е фотографиран заедно со Зоран Ставрески, некогашниот вице-премиер, министер за финансии и кум на Никола Груевски, пренесува 24инфо.мк.
„Заедно со Зоран Ставрески. Македонија повторно ќе има економија, ВМРО има план и програма.“ стои во описот на фотографијата објавена од Ѓорчев, веројатно фотографирана на некаков внатрепартиски настан на ВМРО-ДПМНЕ.
По смената од министерската позиција, Ставрески се повлече од јавноста и политичкиот живот, се додека Христијан Мицкоски не го врати како главен идеолог на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Владимир Ѓорчев пак своевремено објави дека престанува да се занимава со политика и дека влегува во приватниот сектор, но по само година и неколку месеци повторно да се врати во партиското делување во ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно е дека со враќањерто на овој двоец, во ВМРО-ДПМНЕ речиси ништо не се менува, а граѓани коментираат дека во партијата фали уште Никола Груевски, велат од 24инфо.





