Со донирањето опрема и вооружување на Украина во три наврати, не сме направиле штета и не сме онеспособиле дел од ресурсите на нашата армија. Се што дадовме досега не влијае и не ја намалува борбената готовност на нашата армија, изјави вечерва министерката за одбрана Славјанка Петровска во „Топ тема“ на Телма.
Таа додаде дека исто така е важно што опремата и тоа вооружување се од корист и потреба на Украина за борба.
Тоа е направено по нивно барање и декларирани потреби, согласно нивната стратегија за војување, истакна Петровска.
Министерката за одбрана нагласи дека сите три досегашни донации се темелат на проценка на Генералштабот на Армијата врз основа на анализа на стратешките документи и планови. Петровска кажа дека во стратешките документи тенковите биле означени како неперспективно оружје, а веќе е во тек вооружување со нова генерација на лесни оклопни возила, кои ќе ги заменат тенковите.